Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска го покажа документот за планираното ново задолжување на власта од 1,3 милијарди евра и побара одговор зошто ова задолжување, иако било најавено и поминало како потреба на владина седница, го нема во ребалансот на буџетот и дали со тоа власта планира да го прекрши Законот за буџет.

„Зошто во официјалните податоци за јавниот долг се крие долгот од 350 милиони евра на ЈПДП, за којшто гарантира владата? Зошто го нема во официјалните табели? Зошто новото задолжување, којшто го најави и којшто поминато како потреба на владината седница на 31 август, го нема во ребалансот. И дали со тоа планираат да го прекршат Законот за буџет? Еве го документот којшто поминала информација и потреба за задолжување на земјава со нови 1,3 милијарди евра. Повторувам, 1,3 милијарди евра. Нов долг. Со којшто вкупниот долг ќе порасне на земја на досега рекордни, никогаш достигнати, скоро 12 милијарди евра.“, обвини Филипче.

Филипче посочи дека со новото задолжување долгот на земјата ќе продолжи да расте, посочувајќи дека над 4 милијарди евра нов долг се направени во изминатите две до две и пол години од власта на Христијан Мицкоски.

„Над 4 милијарди евра се нов долг само во изминатите две и пол години од власта на Христијан Мицкоски. И со тоа, долгот ќе порасне на 65%, повторно рекордни, од бруто домашниот долг. Оваа власт едноставно ниту има капацитет, ниту стратегија, ниту план, ниту желба да направи нешто добро за граѓаните. Само брутално задолжување и проекти коишто не се инвестираат во капитални инвестиции, посочи Филипче.

Линк до видео: