Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање, го повика премиерот Мицкоски да одговори зошто молчи за однесувањето на неговиот министер Стоилковиќ за неговото величење на воениот злосторник Ратко Младиќ.
Филипче посочи дека јавноста гледа како власта се однесува кон различни случаи, а особено е интересен односот на премиерот кон оддавањето признание на Младиќ од страна на членови на Владата.
„Се оддаваше признание од одредени членови на Владата на воениот злосторник Ратко Младиќ, пред некое време. И премиерот никако не реагираше. Човек кој што учествуваше во геноцидот во Сребреница, кој што беше директно одговорен за смртта на мажи, жени, деца. Човек кој што им се потсмеваше за време на судењето во Хаг на семејствата кои што сведочеа против него, со прст околу вратот им покажуваше, потсмевајќи им се“, рече Филипче.
Во одговорот, Филипче праша што сака Мицкоски да каже со тоа што не реагираше и дали зад молкот всушност стои поддршка.
„Има луѓе кои што седеа во Владата, доскорешен вицепремиер, сега министер во Владата, кој што излегува и го слави неговото име. Што сака премиерот Христијан Мицкоски да каже? Дека го поддржува?И веројатно дека исто мисли како него, ама не смее тоа јавно да го каже, па не го санкционира“, рече Филипче.
Воедно, претседателот на СДСМ, нагласи дека и односот на власта кон трагедијата во Кочани и кон семејствата на загинатите дополнително отвора прашања за нивниот однос кон ваквите теми.
„Но, јас од луѓе кои што седеа пред родителите на загинатите деца во Кочани, во собраниската сала, и при тоа им се потсмеваа во лице, ништо друго не очекувам“, рече Филипче.
Линк до видео:


