Филипче: Криминални договори од 5 милони евра народни пари сакаа да скријат

Facebook
Twitter
LinkedIn

Пет милиони евра народни пари преку криминални договори власта сакаше да ги скрие од јавноста, додека граѓаните се доведени до просјачки стап, нагласи претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека токму ваквите матни зделки и начинот на кој власта ги троши народните пари се причина зошто Мицкоски бега од европското правосудство и од отворањето на преговорите со Европската Унија.

„И тоа е една од причините зашто власта бега од преговорите со Европа, зашто не сакаат европско правосудство. Затоа што тогаш нема да може да има вакви криминални договори како за Дејвид Гета – пет милиони евра народни пари, кои што сакаат да ги скријат. Затоа што тогаш нема да може да се купува вака криминална струја. Затоа што нема да може вака да се краде на партиски наместени тендери по сите министерства, близу 200 милиони евра до сега во изминатите две години – партиски фирми, блиски нивни луѓе. Ова е арамиска власт. Овие луѓе се дојдени да крадат пари, ништо друго“, рече Филипче.

Филипче посочи дека додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај и не можат да го преживеат месецот, власта за 600 евра минимална плата нема пари а троши народни пари за луксузни забави и прослави, и одзгора на се премиерот лаже обидувајќи се да го скрие вистинскиот трошок. Тој порача дека Владата мора да најде начин да ја зголеми минималната плата.

„Нека најде власта начин како што може да се луксузира, да троши граѓански пари неотчетно, нетранспарентно, како сега за овој концерт, за кој што, примерот излажа дека биле потрошени 0 денари, па веќе следниот ден од кому ги извадивме документите, сите граѓани видоа дека премиерот лаже и дека троши граѓански пари, пари на граѓаните, народни пари за такви луксузни забави и прослави во ситуација кога има граѓани кои што не можат да го преживеат месецот“, рече Филипче.

Притоа, Филипче нагласи дека ваквиот однос кон народните пари е директна последица на отсуството на вистинска контрола и одговорност, и затоа е потребно европско правосудство во земјата.

„Меѓутоа и тие конекции ќе излезат на површина. И за тие матни бизнис зделки на сметка на граѓаните ќе одговараат и ќе ги враќаат парите“, рече Филипче.

Филипче порача дека европското правосудство е единствениот начин да се врати довербата на граѓаните во институциите и да се стави крај на политичкото влијание врз правосудниот систем.

„Во ситуација во која довербата во судството е исклучително мала, исклучително ниска, единствен начин на кој што можеме да почнеме да ја враќаме довербата во правосудниот систем, е тоа тука да има европско правосудство. И тоа е концептот на приближувањето кон Европската Унија, на отворањето на кластерите, на преговорите, и така натаму, затоа што тоа значи зајакнување на системот. Тоа значи присуство тука на Европско обвинителство, на судови по европски критериуми, во кои што никој, никогаш нема да биде“, рече Филипче.