Отворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси и тоа само кај едно лице не е истрага за проневера на 5,5 милиони евра.
Ова е нова манипулација на Мицкоски!
За проневереа на 5,5 милиони евра, за огромни народни пари, потребна е целосна истрага од Јавното обвинителство, која ќе го следи текот на парите.
Арамијата Мицкоски излезе пред граѓаните и излажа дека прославата чинела „нула денари“. Потоа јавноста дозна дека биле потрошени 5,5 милиони евра.
Оттогаш – молк.
Се кријат документи. Се кријат договори. Се кријат анекси, фактури и исплати. Се крие дури и дали е платен данок.
Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите.
Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар.
Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет.
Мора да го следи текот на парите, да ги обезбеди сите документи, фактури, договори, исплати.
Мора да утврди како биле носени одлуките, кој ги носел и кој имал корист од нив.
Каде е одлуката на Собранието на акционери на Државна лотарија, која согласно законот мора да постои?
Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? Кој гласал за неа и врз основа на кој закон?
Како е можно јавниот повик да траел само пет работни дена, да пристигнала само една понуда, а само три дена подоцна веќе да бил најавен настапот на Дејвид Гета?
Мора да се утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога и од кого бил договорен и кога бил исплатен.
Дали бил платен данок?
Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“?
Како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка?
Каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок?
Премногу отворени прашања. Премногу матни зделки. Премногу сокриени документи.
Ако сè било чисто и законски, документите немаше да се кријат.
Да немаше што да сокрие, арамијата Мицкоски немаше да ги лаже граѓаните дека прославата чинела „нула денари“.
СДСМ бара Јавното обвинителство веднаш да отвори целосна истрага за проневерата на 5,5 милиони евра.
Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“.
Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете, а потоа да ги криете документите и одговорите.
Одговорност мора да има.
Доаѓа времето на вистината и правдата.
Линк до видеото :


