Соопштение за јавност
Изолационистичката политика на Христијан Мицкоски ги загрозува стратешките национални интереси на Македонија и ја оддалечува земјата од Европската Унија, обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција.
„Се знае кој е патот. Намерно не се прават чекорите за да останеме слепо црево тука на Балканот. И тоа е неговата изолационистичка политика. И тоа е предавничката политика на Христијан Мицкоски. Затоа што се загрозени стратешките национални интереси“, рече Филипче.
Филипче посочи дека Европската Унија испраќа сериозни пораки за својата политика на проширување, но дека Македонија не е меѓу земјите за кои се подготвува конкретен пат кон членство во ЕУ.
„Сериозни пораки стигнуваат за време на излагањето на претседателката Урсула фон дер Лајен во парламентот во Стразбур пред два дена, кога Европската Унија се проширува. Значи, веќе самата Европска Унија размислува поинаку, се позиционира поинаку, ги отвора вратите. Притоа најавува дека за четири земји ќе се изгради точна стратегија, пат во чекори до крајот на нејзиниот мандат, односно мандат од оваа Европска комисија, како тие ќе станат земји членки на Европската Унија. За жал, ние не сме во таа група. Затоа што и претседателката Урсула фон дер Лајен и сите европски високи функционери, добро знаат дека оваа влада не сака во Европа. Тие четири земји се Црна Гора, Албанија, Молдавија и Украина. Не сме таму. Јасно и гласно ни кажува дека поради оваа власт, ние сме во групата со Косово и Босна и Херцеговина. Ние сме слепото црево во Европа. Премиерот раскажува бајки и лаги. Ниту нешто разговара. Ниту има за што да се разговара“, рече Филипче.
Филипче укажа дека застојот на европскиот пат ќе има последици и врз идното финансирање од Европската Унија.
„Ние не можеме да опстанеме како држава во оваа ситуација. Затоа што сега кога се прави и новиот буџет на Европската Унија за следните седум години, нас ќе нè нема таму“, рече Филипче.
Линк до видео:


