Филипче: Подобро Мицкоски да остане под радарот во САД, да не го сместат со Мадуро на екскурзија

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска од Струга рече дека Христијан Мицкоски не е на објавениот список на државници и функционери кои ќе се сретнат со американскиот претседател Доналд Трамп додавајќи дека САД знаат дека власта ги поткопува демократијата, слободата на медиумите и ги нарушува партнерствата со стратешките партнери.
„Можеби е подобро Мицкоски и неговата делегација да останат под радарот во Америка. Ако дознаат дека се таму, можеби ќе ги сместат заедно со венецуелскиот диктатор Мадуро и ќе ги задржат на екскурзија“, рече Филипче.

Тој посочи дека, според информациите на СДСМ, над 50 лица отпатувале во САД, а јавноста не знае колку чини посетата и кој ги плаќа трошоците за огромната делегација.

„Денеска е објавен списокот на државници и функционери со кои ќе се сретне претседателот Трамп, а Христијан Мицкоски не е на тој список. Очигледно е дека американската администрација добро знае дека Мицкоски предводи Влада која внесува кинески пари во земјата, спротивно на заедничките интереси со нашиот стратешки партнер – Соединетите Американски Држави“, рече Филипче.

Власта на Мицкоски ја поткопува демократијата и воспоставува контрола врз медиумите преку руско-српските врски, со што ги нарушува партнерствата со Европската Унија и САД, нагласи претседателот на СДСМ.

„Владата на Мицкоски ја оддалечува земјата од нејзините стратешки партнери. Еден од показателите е тоа што оваа година, за првпат од осамостојувањето, Америка ја намали воената помош за нашата земја. На тој начин не се води држава и не се исполнуваат обврските кон нашите сојузници“, истакна Филипче.

Линк до видео: