Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Свети Николе ја повика власта да го поддржи предлог-законот за зголемување на минималната плата на 600 евра и да им помогне на работниците кои се соочуваат со растечки трошоци за живот. По средбите со граѓаните и земјоделците од Овчеполието, тој порача дека власта мора да го слушне гласот на народот и да обезбеди поддршка за најпогодените од кризата.
„Разговаравме за нашите предлози во Собранието, предлог-закон за зголемување на минималната плата на 600 евра и предлог-закон за финансиска поддршка во оваа криза на земјоделците“, истакна Филипче.
Тој посочи дека граѓаните секојдневно се соочуваат со огромни и натрупани проблеми, без соодветна грижа и помош од власта. Цената на горивото, која достигна и до 105 денари за литар, дополнително ги оптоварува семејните буџети, а поддршка нема ниту за работниците со минимална плата, пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените и семејствата со многу деца.
„Се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка, односно барем еднаш во овој изминат период ќе го слушне гласот на народот“, порача Филипче.
На средбите со земјоделците од Овчеполието биле посочени и сериозните проблеми со откупот на земјоделските производи. Филипче истакна дека нема откуп на грозјето и пченицата, откупните цени на млекото се исклучително ниски, а трошоците за нафта и ѓубрива го доведуваат во прашање продолжувањето на производството.
Тој нагласи дека на земјоделците им е потребна сериозна помош за да ја преживеат оваа сезона и да можат да ја започнат следната, пренесувајќи го нивното предупредување дека, ако продолжи негрижата на власта, за две години во овој крај земјоделие нема да постои.
Филипче побара поддршка за предложените законски решенија, со кои работниците би добиле повисока минимална плата, а земјоделците финансиска помош во кризата.
Линк до видео:




