Филипче: Скратете од луксузот и покачете ја минималната плата на 600 евра!

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, го повика владејачкото мнозинство да го поддржи предлогот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата за зголемување на минималната плата на 600 евра и обезбедување субвенционирање на придонесите за приватните компании, со цел зголемувањето на платите да не биде товар за работодавачите.

Филипче порача дека во време кога граѓаните едвај врзуваат крај со крај, власта мора да покаже одговорност и да најде средства за поддршка на работниците.

„Апелирам да го поддржат законот и минималната плата, да се покачи на 600 евра. Апелирам да покажат малку свест, за ситуацијата во која е државата, во која се наѓаат граѓаните кои едноставно не можат да преживаат. Кога ќе ги покријат основните потреби, кога ќе ги купат работите кои им се потребни на децата, па кога ќе вратат кредити пренатрупани долгови, извршители итн за кои што власта не се грижи што е уште еден сегмент, едноставно пари не стигнуваат“, рече Филипче.

Воедно, Филипче посочи дека паралелно со зголемувањето на минималната плата треба да се обезбеди поддршка за приватниот сектор преку субвенционирање на придонесите.

„Нека ги поддржат компаниите, да се субвенционираат придонесите за да тоа зголемување на платите не им биде терет на приватните компании и на сопствениците кои што тоа го работат“, рече Филипче.

Тој додаде дека власта мора да скрати од своите луксузи и пари во буџетот има.

„Направени се пресметки им укажавме на минатата прес-конференција и од каде може да ги најдат парите. Нека скратат на луксузите, патувањето, мебелот и колите и пари во буџетот може да се најдат“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ, нагласи дека ако Владата продолжи со ваквото неодговорно однесување кон граѓаните, ќе има социјални немири.

„Ќе има социјални немири во државата ако власта вака неодговорно продолжи да се однесува.Ги предупредувам дека ќе се соочат со граѓански револт“, рече Филипче.

Линк до видео: