Соопштение за јавност
СДСМ нема да поддржи изборен закон во кој има обид за изборна манипулација, порача претседателот на партијата Венко Филипче, потенцирајќи дека за СДСМ се прифатливи измените кои се во согласност со препораките на ОБСЕ, но не и решенија за кои смета дека отвораат простор за контролирање на гласачите.
„Во врска со изборниот закон јасно и гласно кажавме повеќе пати, и законот ќе го поддржиме тогаш кога во законот ќе се стават измените коишто се исклучиво по препорака на ОБСЕ. Нема да поддржиме закон во којшто има обид за изборна манипулација. Гласање на дијаспората, електронски или преку пошта. И бележење на ливчето, поинаку, за да можат да ги бележат и да ги силуваат луѓето да излегуваат на гласање, да ги контролираат како гласаат. Тоа е целта на измената на изборниот закон. Таков закон не поддржуваме, затоа што е неевропски, затоа што е недемократски.“
Филипче во продолжение се осврна и на поддршката која ја имаат предложените измени од Левица.
„Еве сателитите го поддржуваат. Еве Левица, руската партија, тие го поддржуваат. Левица, руската партија, којашто е против Европа, сака да поддржи реформски закон за Европа. Замислите која е контрадикторност“, потенцираше Филипче.
Линк до видео:

