Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ
Со месеци велиме: процесот за ЕУ стои во место затоа што Мицкоски се плаши од европско обвинителство.
Сега е на хартија.
Фон дер Лајен го враќа проширувањето. Пред членство –прво приклучување кон Канцеларијата на европскиот јавен обвинител. Не после. Пред тоа.
Кандидатите за членство влегуваат во мрежата на главната обвинителка Лаура Ковеши додека уште не се членови.
Превод за Македонија: нема веќе телефонски обвинител.
Истрагата не запира пред презиме, функција и партиска книшка.
Пет тони преку граница добиваат име. Тендерот добива акт. Касата добива сопственик.
Во Унгарија, досега се уапсени двајца министри од владата на Виктор Орбан. Така изгледа кога си во Унијата и кога власта не е организирана криминална група.
Затоа арамијата ја затвора вратата. Затоа патоказ добиваат Црна Гора, Албанија, Молдавија, Украина.
Ние сме изоставени со Косово и Србија.
Затоа „не по секоја цена“ – зашто цената е нечија слобода.
Затоа Исланд, Ле Пен и војни – сè освен извештајот за правосудство.
Затоа Вучиќ и руска агенда. Затоа се слави Ратко Младиќ. Затоа Стоилковиќ и БИА во Влада.
Пораката што сака да ја испрати Мицкоски е дека него, а со тоа и Македонија, не ја интересира ЕУ.
Ова е затоа што реформи нема. Напредок нема.
Одговоросност нема.
Ова е кога ваков нè претставува во светот. Изгужван, со раце во џебови, ловејќи фото-прилика.
Така нè претставува човек што својот народ го нарекува талог, а себеси се смета за „институција“ и елита – веројатно поради часовникот и оделото.
Граѓаните на Македонија се заложници на оваа банда што ја држи власта, на чело со арамијата Мицкоски.
Покрај фотографиите од ходници на хотели, Мицкоски си го збогати албумот со уште една слика, а на граѓаните им порача: можете и вие да се „сликате“ со ЕУ.
ЕУ носи правила. Закон за сите. Нема „ало“ од кабинет. Има налог.
СДСМ го кажа ова додека тие цртаа трета економија. Документот стигна. Бандата не бега од Бугарија. Бега од Лаура Ковеши.
Доаѓа време кога истрагата не се нарачува по телефон.
Власта наскоро сe враќа во рацете на народот. Оваа група ќе одговара!
Линк до видеото :


