Од квази патриотизмот на Мицкоски останаа само нивните бугарски пасоши а Македонија надвор од ЕУ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Бугарски пасоши и фирми во Бугарија во редовите на ВМРО, а за Македонија и граѓаните блокиран европски процес — ова го истакна заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова Пановска, на денешната прес-конференција.

„Каде остана патриотизмот, квази-патриотизмот во редовите на ВМРО или само се тоа бугарските пасоши во нивните редови и фирмите што останаа во Бугарија, а за Македонија и за граѓаните остана блокиран процес“, рече Каранфилова Пановска.

Ветувањата за враќање на името, раскинување на Преспанскиот договор и подобри преговарачки позиции исчезнаа по доаѓањето на власт. Преспанскиот договор, кој претходно го напаѓаа, за нив стана ремек-дело на дипломатијата, подвлече Каранфилова Пановска.

„Нè викаа нас предавници. Велеа дека ќе го вратат името. Ветуваа дека ќе го раскинат Преспанскиот договор, ветуваа дека ќе обезбедат подобри преговарачки позиции. И што се случи? Дојдоа на власт за да со доаѓањето на власт полека, но сигурно Преспанскиот договор за нив стана ремек-дело на дипломатијата. Дека за Муцунски, НАТО, членството во НАТО е одлична работа за бизнис-секторот. Дека претседателката Силјановска самата потврдува дека со Преспанскиот договор е потврдено и нашето и нашиот идентитет македонски и македонскиот јазик. И што ќе прави денеска Мицковски пред фон дер Лајен, освен што ќе седи и ќе молчи, каде замина лажниот патриот? “, потсети таа.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, јавно порача дека местото на Македонија е во Европската Унија, заедно со македонскиот јазик, култура и идентитет.

„Воедно, фон дер Лајен кажа дека тие во Европската Унија нè чекаат нас со широко отворени раце, заедно со нашиот јазик, со нашата култура и со нашиот идентитет“, потенцираше Каранфилова Пановска.

Наспроти оваа порака, блокадата и одолговлекувањето го запираат европскиот напредок и ја влошуваат позицијата на државата. Наместо ветените подобри позиции, Мицкоски доби упатување кон билатерални разговори со Бугарија, истакна таа.

„Колку се повеќе го одолговлекуваме процесот, позицијата на Македонија ќе се влошува. И тоа денеска се случи. Денеска се случи да Урсула фон дер Лајен го препрати Мицковски на билатерални разговори со Бугарија“, рече Каранфилова Пановска.

Додека другите земји кандидати напредуваат во пристапните преговори, Македонија се соочува со останување без патоказ. Продолжувањето на блокадата значи заминување на младите и бизнисите и посиромашни граѓани, предупреди таа.

„Македонија, за жал, после 30 години сериозна стратешка определба, битки и жртви на патот за Европската Унија, ќе остане без патоказ“, подвлече Каранфилова Пановска.

Линк до видео: