Соопштение за јавност
Мицкоски е еден голем предавник на националните интереси, нагласи претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче предупреди дека политиките на Мицкоски ја држат Македонија во изолација и со тоа се пропуштаат можностите за земјата во делот на евроинтеграцискиот процес. Тој нагласи дека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, потврди дека идентитетот и јазикот се заштитени и не се загрозени.
„Се потврди се што зборувавме до сега. Идентитетот зачуван, потврден со Преспанскиот договор. Јазикот потврден со договорот Фронтекс, потпишан на чист македонски јазик. И кој е сега предавник? Не е СДСМ. Предавник и предавници се Христијан Мицкоски и неговата банда, кои што држејќи не во изолација го загрозуваат нашиот идентитет. Заради тоа што не напредуваме, стоиме во место. Поминуваат шансите покрај нас, а младите луѓе се селат. Ние тонеме во сиромаштија.Ете тоа е Христијан Мицкоски, еден голем предавник на националните интереси. Нека не го губи времето повеќе на државата Христијан Мицкоски, затоа што ниту е патриот, ниту ги штити националните интереси. Еве го потврди тоа и претседателката фон дер Лајен. Тој е само еден обичан лажго кој што сака да остане на власт“, рече Филипче.
На прес-конференцијата претседателот на СДСМ потенцираше дека Мицкоски има обврска пред граѓаните да каже кои се следните чекори , што сега ќе направи во однос на европскиот пат на државата.
„Што ќе зборува? За што ќе зборува? Што ќе каже? Кажавме и дека патот кон Европа води преку проширувањето на договорот со европското обвинителство, со Лаура Ковеши. И тоа сега претседателката фон дер Лајен го потврдува – прво соработка со европското обвинителство, после членство во Европската Унија. И што ќе каже сега Христијан Мицкоски? Што и кажа на председателката фон дер Лајен? И кажал ли за дрогата што преминува преку граница?И кажа ли за партиските тендери? Над 100 милиони евра отидени во рацете на партиски луѓе. Кажа ли за купопродажбата на струја? И кажал ли за за Душан Адамовиќ? И кажал ли за броилата кои што сака да ги купи преку негови луѓе? Дали и кажал за унгарскиот кредит за кој што е отворена истрага во Унгарија. Ета, затоа е потребно европското обвинителство“, рече Филипче.
Линк до видео:
