Филипче: Зошто треба некој да му даде алиби на Мицкоски за избори?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање порача дека СДСМ нема да биде алиби на Христијан Мицкоски за распишување избори, посочувајќи дека власта има двотретинско мнозинство во Собранието и може сама да донесе одлука за избори.

„Зошто ние да му бидеме алиби на Христијан Мицкоски? Зошто треба некој да му даде алиби за избори? Изборите доаѓаат после еден одреден временски период во кој што таа политичка структура која што е на власт требала нешто да испорача. Што да испорача? Тоа што ветила“, рече Филипче.

Тој посочи дека наместо да бара оправдување за предвремени избори, Мицкоски треба да даде отчет за ветувањата со кои ја доби поддршката и за она што досега го има испорачано неговата Влада.

„Што испорачаа согласно ветувањата Ништо. Што ветија? Сè што ветија, се излажаа. Видете им ја програмата, една цела книга 1198, ниту 3% од тоа не е исполнето. И кој му е крив сега на Христијан, што се посвети само на партиски тендери и на зграбување на богатство, а државата ја оставија на слеп колосек за Европа и граѓаните да патат. Кој му е крив? Никој. Сам е крив. Сам си го избра тој пат. Никој не го тераше тоа да го направи“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека власта има двотретинско мнозинство и доколку сака избори, може сама да ги распише, без да бара алиби од СДСМ.

„Сега му треба алиби за избори. Зошто му треба алиби за избори од СДСМ, кога има две третини во парламентот, може кога сака да ги распише изборите. Избори ќе има тогаш кога ќе снима пари за партиските тендери, не за друго“, рече Филипче.

Линк до видео: