Соопштение за јавност
Заменик-претседателката на СДСМ Фани Каранфилова – Пановска, на денешната прес-конкуренција нагласи дека Владата повторно се задолжува со нови 250 милиони евра, пари кои ќе се користат за покривање на буџетски трошоци, односно за плати и пензии, наместо за развојни и инвестициски политики.
„Имаме најново дека Владата повторно ќе се задолжува со ново задолжување од 250 милиони евра за покривање на трошоците од буџетот, за плати и пензии, не за развој, не за инвестиции во економијата“ рече Каранфилова Пановска.
Таа нагласи дека ваквото неодговорно менаџирање на буџетот и трупање на нови долгови е на директна штета на граѓаните, а скапите долгови ќе ги враќаат идните генерации.
„Кредитот не е приход, кредитот е обврска што креира долгови и обврски на граѓаните во иднина. Не можеме да се помириме со фактот што јавниот долг за само две години е веќе 11 милијарди евра – скоро една половина од целиот долг во изминатите 30 кусур години независност, за само две години. Имаме јавен долг кој што со овие долгови кои што ги кријат, а кои што се долгови на јавните претпријатија, го нарушува фискалното правило и надминува 63% од бруто – домашниот производ“, рече Каранфилова Пановска.
Заменик-претседателката на СДСМ нагласи дека Владата на ВМРО освен нови скапи задолжувања, не донесе ниту една добра мерка за граѓаните, нема зголемување на минималната плата, нема подобрување на животниот стандард на граѓаните, а економскиот раст заостанува во споредба со земјите од регионот.
„Нема зголемување на минималната плата од 600 евра, како што бара СДСМ, придружена со субвенцији за бизнес секторот да бидат покриени придонесите за разликатот зголемувањето на минималната плата. Нема ништо. Што остана? Не остана ништо, се распрсна бајката. Нема трета економија во Европа, нема 16 пати поголеми пензии, нема зголемување на минималната плата, нема раст и тоа граѓаните го чувствуваат. Го чувствуваат секој ден во своите фрижидери кои што се празни и во празните паричници. Имаме стапица и имаме неизвесност. И имаме раст помал од секоја друга држава во регионот“, рече Каранфилова Пановска.
Линк до видео:


