Прес конференција на СДСМ, Александар Наумоски – член на Извршниот одбор
Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата на ВМРО и ЗНАМ, со која сакаат да ја замолчат СДСМ за „економските работници“.
Кога е донесена оваа одлука?
Два дена по најавата на Александар Николовски за нови 50.000 странски работници годишно и еден ден по изјавата на Мицкоски дека таа бројка може да биде многу поголема, над 100.000.
Дали треба повеќе објаснувања?
Не. На граѓаните им е јасно се.
Кога СДСМ поставува прашања има обиди да се замолчи, да се воведе цензура, а кога Мицкоски и Николовски најавуваат 50 или 100 илјади „економски работници“ – тоа е економска потреба.
СДСМ ја поднесе иницијативата затоа што со Резолуција се повредува член 16 од Уставот, кој ги гарантира слободата на говорот, јавниот настап, мислата и јавното изразување, како и забраната за цензура.
Како и член 10 од Европската Конвенција за човекови права.
Тоа беше суштината на нашето барање.
Што добивме, што добија граѓаните? Политичко толкување.
Ова се случува во период кога власта презема целосна контрола врз правосудството.
Време на телефонски обвинители, партизација на Судскиот совет и јавни насоки од Мицкоски од собраниската говорница и од телевизиските студија како треба да постапуваат.
Во време кога Европската комисија наведува политички притисоци и мешање во судството и обвинителството од страна на власта.
СДСМ нема да замолчи.
Колку „странски работници“ договориле Мицкоски и Николовски?
Дали е тоа причината зошто не се покачуваат платите на македонските работници?
Ова се вистинските прашања. Владата има обврска да одговори.
СДСМ ќе продолжи да бара одговори и да се спротивставуваме на секој обид за цензура и партиска контрола врз институциите.
Линк до видеото :




