Филипче: Поделбата нема да им успее, единствениот сојуз на СДСМ е со граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, порача дека обидите на Христијан Мицкоски да ја подели и ослаби опозицијата нема да му успеат. Филипче укажа дека ВМРО по примерот на политичкиот модел на Александар Вучиќ во Србија, се обидува да ја подели опозицијата блок преку сателитски партии и нови политички платформи, со цел да го ослабне СДСМ.

„Јавно, јасно и гласно им порачувам – поделбата нема да ви успее. Ние сме единствената кредибилна и неконтролирана опозиција во земјава. Единствениот сојуз кој што ние во СДСМ го правиме, е сојузот со граѓаните. Зошто? За развивање на напредна, демократска Македонија, за европска Македонија. Во таа борба никој нема да нè запре, ама никој. Затоа што им ветивме на граѓаните дека се бориме, ќе се бориме и на крај ќе се избориме“, рече Филипче.

Притоа, тој потсети на обидите на ВМРО за поделба и слабеење на СДСМ преку сателитски партии, посочувајќи дека откако ЗНАМ ја губи својата политичка улога, Мицкоски повторно се обидува да создаде нови поделби преку политички платформи и луѓе кои се поврзани со власта преку финансиски интереси и тендери.

„По рецептот на Вучиќ ќе ја делат опозицијата. Сателит партии како Левица, ЗНАМ, коишто ги гледаме како помал привезок на ВМРО за свои лични финансиски интереси, испорачаа тоа што требаше да се испорача, а тоа е поделба и слабеење на СДСМ од 2021 година наваму. И резултатот дојде. И кога приказната ЗНАМ повторно престанува да функционира, никаде скоро ја нема, што прави Христијан Мицкоски? Нè дели дополнително. Нова платформа – ЗНАМ втор дел. Луѓе кои што имаат обврски спрема него, затоа што имаат финансиски интереси. Тендер во железница, ПР-агенции за анкети, луѓе кои лично должат на ВМРО“, рече Филипче.

Филипче нагласи дека СДСМ нема да дозволи овие обиди да ја оттргнат од опозициската борба и порача дека нејзината политичка поддршка и сојуз се граѓаните, а не политички договори за лични и финансиски интереси.

„Ќе ја искорениме корупцијата од земјава. Тоа е тоа што нè држи на дното на Европа. Ќе ја искорениме, ќе има одговорност. Без разлика кој на која партија припаѓа. Не само што ќе има одговорност, ќе вратат пари. Сите, до последен денар, кој што украдоа од буџетот, од иднината на децата и на семејствата и на граѓаните, да знаат дека ќе ги вратат. Од таа борба никој нема ниту да нè предомисли, ниту да нè натера да се откажеме“, рече Филипче.

Линк до видео: