Филипче: Парите за гасификација паѓаат од 1,8 милијарди на 12 милиони денари – остануваме ли зависни од рускиот гас?

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа дека власта со вториот ребаланс крати пари од важни ставки за проекти и услуги, додека јавниот долг и дефицитот остануваат на високо ниво. Филипче посочи дека Владата ги крати средствата за гасификација од 1,8 милијарди денари на само 12 милиони денари, додавајќи дека ова драстично намалување отвора сериозни прашања за енергетската политика на власта.

„Се кратат пари за многу важни проекти и услуги. Во Министерството за животна средина се кратат 2 милијарди денари, и парите за гасификација паѓаат од 1,8 милијарди денари на само 12 милиони денари. Дали тоа значи дека гасификацијата паѓа во втор план? Дали тоа значи дека отстапуваме од нашите стратешки интереси, кои што се во согласност со стратешките интереси на нашите стратешки партнери, Соединетите Американски Држави во однос на гасификацијата и дали со ова, Владата пушта сигнал дека ние остануваме зависни само од рускиот гас“, рече Филипче.

Претседателот на СДСМ предупреди дека ваквото кратење отвора прашања за посветеноста на владата кон стратешките енергетски интереси на државата. Наместо да обезбедува услови за реализација на важни инфраструктурни проекти, власта ги сведува планираните средства за гасификација на минимум. Филипче посочи дека овој втор ребаланс признание за катастрофалното водење на финансиите на Мицкоски.

„Нема држава која што сега прави втор ребаланс на буџетот. Сега сите држави кои што добро се менаџираат, веќе разговараат за буџетите, за 2027 година. Што ние правиме – ребаланс, за да само што ќе заврши, овој ребаланс ќе почне и ќе се отвори дискусијата за буџетот за следната година. Нема поголем доказ за лошо менаџирање на буџетот, финансиите и економијата од страна на Христијан Мицкоски и од овој втор ребаланс“, рече Филипче.

Линк до видео: