Маја Хеско, претседателка на Општинската организација на СДСМ во Велес
По една година од вториот мандат на градоначалникот Марко Колев, Велес има право да праша: Дали добивме градоначалник што работи за граѓаните или градоначалник чиј главен резултат е присуството на свечености?
Отворања, затворања, пречекувања, испраќања, манифестации и протоколарни настапи. Тоа е впечатокот што се добива кога ќе се погледне неговата активност.
Но, каде се конкретните резултати?
Додека Колев отвора и затвора манифестации, граѓаните се соочуваат со проблеми:
– Нехигиена – Велес се дави во смет и во диви депонии како никогаш досега!
– Езерото Младост во уште полоша состојба од минатата година. Најпосетуваното место за рекреација на велешани и околните градови личи веќе на бара
– Помпезно најавуваниот проект- Катната гаража во центарот на Велес,после две години стигна до поставување на темели, а крајот на нејзината изградбата, неизвесен ! И цело време создадената џунгла на градскиот асвалт со создадениот сообраќаен хаос се рефлектира над граѓаните кои се гушат во издувни гасови од возилата.
– Планираната реконструкција на улиците се одолговлекува со месеци (ископани и така оставени). Улицата што води до велешката болница веќе два месеца е раскопана и така оставена, а возилата на ИТНА помош и граѓаните кои се пациенти не можат на време да стигнат до ургентниот центар.
– Башноселскиот мост наместо реконструкција преживува со реновирање кое е само „шминка“ со отворени дупки на тротоар кои се небезбедни иако на неговото пуштање присуствуваше Премиерот и речиси цела Влада.
– Непочитување со јавно изрекување навреди кон советничката група на СДСМ се континуирани на седниците на Советот на Опшината од страна .на градоначалникот и претседателот на Советот на Општина Велес. Тоа зборува за демократската култура на гарадоначалникот.
– И уште многу „бисери“ од неодговорното владеење на ВМРО ОКГ во Велес: зголемени цени за исфрлањето на сметот,зголемени цени на услугите во градинките,зголемени цени на данок за новите станови,непотизам и сомнителни тендери.
Доста беа свечености за пред камерите. Време е за резултати за граѓаните на Велес!
Линк до видеото :
