СДСМ меѓу граѓаните во Битола: Граѓаните во неизвесност, без пари – Мицкоски го заштити капиталот на криминалците

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава на Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ

Денеска е тежок ден за граѓаните на Битола, овде сме заедно со нив, луѓето имаат мака, огромен проблем по избивање на скандалот со Алта банка.

Загриженост и неизвесност, за своите пари, заштеди и за финансиската сигурност.

Овие луѓе имаат мака затоа што имаме арамиска власт која им го создаде проблемот, Мицкоски и ВМРО-нивната организирана криминална група.

Денеска го нема Мицкоски во Битола, избегал дури во Германија. А го нема ниту Трајко Славески.

Арамиите направија хаос и сега наместо за граѓаните, нормално го штитат криминалниот капитал.

Ние предупредувавме уште пред 11 месеци колку е ова опасно, банката на Вучиќ со криминални пари и криминален капитал да влезе во Македонија.

Денеска, цената ја плаќаат граѓаните, пензионерите, кои се без пари, и тие 10 илјади денари со кои треба да живеат а ниту тие дали ќе можат да ги извадат.

Сметки, струја, греење, храна, лекови.

Пензионерите, еве го втори е, остануваат без пензии. Експозитутрите се затворени, банкоматите се празни, нема картички.

Ниту тие 10 илјади немаат како да ги извадат.

Луѓе без картички не можат да стигнат до своите пари бидејќи експозитурите не работат. Многу банкомати се празни, а на другите се чекаат редови со часови.

Ако се сака да се заштитат штедачите, треба да им се дозволи да си ги подигнат своите заштеди во целост. Но оваа криминална власт им за цел да го заштити капиталот на криминалците, на сметка на гаѓаните чии депозити се заробени.

Мора да има истрага и мора да има одговорност, и од Мицкоски и од Трајко Славески.

Прв чекор кон решавање на овој скандал е Славески да даде оставка, да се отвори истрага.

Бараме ПИОМ да не ги исплаќа пензиите на сметките на пензионерите на Алта банка, за да се заштитат.

Бараме целосно расчистување на случајот и утврдување на одговорност.

Линк до видео: