Во 2024 година Алта Груп била правосилно санкционирана од австриската финансиска регулаторна агенција FMA, Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка, нагласи порптаролката и членка на Изрвшниот одбор на СДСМ, Богданка Кузеска на денешната прес – конференција. Кузеска потсети дека Алта банка беше одбиена и од Црна Гора, а СДСМ уште во декември 2025 година алармираше за позадината на Алта банка, нејзините врски со Вучиќ, СНС и ВМРО, како и за сомнителниот капитал.
„Иако во Европа имаше санкции и суспензии, во Црна Гора е одбиена, Славески и Мицкоски ја носат Алта банка во Македонија. Во Законот за банки, член 13, се наведува дека „Акционер со квалификувано учество во банка не може да стане лице или правно лице контролирано од лице на кое му е изречена прекршочна санкција. А Алта Груп – во 2024 година била правосилно санкционирана од Австриската FMA. Славески морал да знае дека Алта Груп или Алта Банка никако не може да се стекне со статус квалификуван акционер и не смеел да дозволи влез на Алта Банка. Дополнително морал да ја погледне и репутацијата на сопственикот Давор Мацура, банкарот на Вучиќ кој стана банкар на Мицкоски а сега во притвор“, рече Кузеска.
Дополнително, Кузеска посочи дека Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои му овозможила на сопствениокот на Алта банка сега уапсениот Мацура, да стекне поголем пакет акции на сметка на државата и овозможил влез не само во Битолска банка, туку и во осигурителна компанија.
„Владата на Мицкоски носела заклучоци со кои му овозможила на Давор Мацура да стекне поголем пакет акции на сметка на државата.Не само што му дозволи да купи банка, Мицкоски му дозволи на Мацура да купи и осигурително друштво“ рече Кузеска.
Кузеска нагласи дека молкот на Јавното обвинителство, и покрај сите изнесени факти и јавното признание на Славески за политичкото влијание на Мицкоски, отвора сериозен сомнеж дека се прави обид за заштита на премиерот и заташкување на скандалот со Алта банка.
„Нека не чека Савески повик од Мицкоски. Нека му ги одбиве повиците и нека постапува. Обвинителството има обврска кон граѓаните. Бараме веднаш да се испитаат сите околности за влезот на Алта банка во Македонија. Улогата на Мицкоски. Постапувањето на Славески. Предлогот на Кочоска. Владините заклучоци. Потеклото и текот на парите. Сите инволвирани да одговараат. Доколку Обвинителството не постапи, СДСМ највува кривични пријави за Алта банка“, рече Кузеска.
Линк до видеото :

