Соопштение за јавност
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција во Собранието, повика Основното јавно обвинителство да ја истражи улогата на премиерот Христијан Мицкоски во влезот на Алта банка во Македонија и да открие што се крие зад бруталните лаги на Мицкоски.
Лажното претставување на владините документи на надзорната расправа отвора дополнителни сомнежи дека премиерот се обидува да прикрие сопствена одговорност и да ја префрли вината врз претходната влада.
„Тоа е начинот со којшто они комуницираат со јавноста затоа што сакаат целата одговорност да ја тргнат од себе, но тоа нема да може да биде. Ова е само уште една причина да се вклучи Основното јавно обвинителство и да добро истражи зошто е потребно премиерот да вака лаже и манипулира во јавноста“, порача Филипче.
Тој нагласи дека Мицкоски, наместо да даде конкретни одговори пред собраниското тело, изнел невистинито тврдење дека Владата предводена од СДСМ во 2023 година одлучила да воспостави деловни односи со Алта банка Србија.
„Овој пат отиде предалеку затоа што изнесе сериозно обвинение, покажа документ којшто не го прочита, туку само го цитираше наводно и тоа лажно. И тоа е целта на оваа прес-конференција. Да кажеме дека премиерот денеска на надзорната расправа изнесе брутална лага. Човекот лажеше дека Владата на СДСМ во дваесет и трета година донела одлука да влезе во деловни односи, така кажа, го цитирам, со Алта банка Србија“, рече Филипче.
Презентирајќи ја документацијата, Филипче објасни дека тогашната Влада не дала согласност Давор Мацура да ги откупи акциите кои му припаѓале на македонското Министерство за финансии.
Акциите подоцна биле преземени без согласност на македонската страна, откако Мацура стекнал над 90 проценти од акциите во белградската банка, согласно механизмот предвиден во српското законодавство. Владата на СДСМ потоа побарала ангажирање на Државното правобранителство за заштита на државниот интерес. Спротивно на лагите на Мицкоски.
„Ни збор за продавање акции, ни збор за етаблирање на бизнис интереси со Алта банка. Едноставно и единствено само заштита на државните интереси. Ете, тоа е целокупниот процес поткрепен со документи“, нагласи Филипче.
Обидот овој документ да се прикаже како доказ против претходната влада дополнително го отвора прашањето зошто премиерот ја избегнува дискусијата за сопствената улога.
„Има ли поголем доказ за што би лажел Христијан Мицкоски на оваа тема? Зошто би дефокусирал? Зошто би мафтал со документи коишто не ги чита и не ги цитира и сака да ја префрли вината на претходната влада на СДСМ?“, праша Филипче.
Тој посочи дека зад ваквото однесување постои сомнеж за прикривање сериозни информации за релациите и одлуките што довеле до преземањето на Стопанска банка Битола од страна на Алта банка Белград. Филипче ја оспори и улогата на спасител во која, според него, сега се претставува Мицкоски, додека граѓаните се соочуваат со проблеми да располагаат со сопствените средства.
„Немаше да има што да спасува ако не ја донесеше криминалната Алта банка“, порача Филипче.
Тој нагласи дека надзорната расправа треба да продолжи со одговори и од останатите повикани лица, а секој од вклучените ќе ја носи сопствената одговорност.
„Ова се вистинските работи и вистинските документи, лажни обвинувања од Христијан Мицкоски. Што ќе правиме дополнително? Дозволете да информираме јавност откако ќе заврши надзорната расправа, пошто има и други таму луѓе кои ќе треба да одговорат на прашањата“, истакна Филипче.
Линк до видеото :


