Соопштение за јавност
СДСМ денеска поднесе Кривична пријава против гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и други службени и одговорни лица, поради нивното постапување во случајот со Алта банка. Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ, на прес – конференцијата посочи дека мора да има целосно расчистување на скандалот, утврдување на одговорноста на сите инволвирани и итно постапување на надлежното обвинителство. Тој нагласи дека целта е да се спречи уништување на доказите.
„Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата“, рече Димитријевиќ.
Димитријевиќ посочи дека пријавата е темелна, аргументирана и правно издржана, со конкретни правни основи за утврдување на кривична и институционална одговорност на сите кои учествувале во процесот на преземање и одобрување на Алта банка.
„Бараме да се утврди зошто не била проверена репутацијата на сопственикот, потеклото на парите и ризиците за сигурноста и стабилноста на банката.Давор Мацура зошто не го провериле? Сомнителниот капитал зошто не е проверен и така натаму“, рече Димитријевиќ.
Тој додаде дека во кривичнат апријава се бара обвинителството да ја прибере целокупната документација за преземањето на Алта банка, вклучително и стручните елаборати, записниците, дадените согласности и целокупната комуникација со домашните и странските институции.
„Во пријавата бараме прибирање на целокупното досие за преземањето, стручните елаборати, записниците, согласностите и кореспонденцијата со домашните и странските институции. Бараме проверка на прекуграничните трансакции и сослушување на сите лица што учествувале во одлучувањето и надзорот“, рече Димитријевиќ.
Димитријевиќ предупреди дека е неопходно веднаш да се преземат мерки на претпазливост за да не се дозволи влијание врз сведоците или уништување на документацијата која може да биде клучен доказ во истрагата.
„Бараме и мерки на претпазливост за Трајко Славески и останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата“, рече Димитријевиќ.
Тој упати директен повик до обвинителството и обвинителот Ненад Саевски да постапат независно, без политички влијанија и притисоци, и да ја утврдат одговорноста на сите инволвирани.
„Одговорноста треба да се лоцира, институциите мора да постапат. Обвинителот Ненад Саевски има шанса да ги одбие повиците на Мицкоски и да покаже дека може да работи независно, по Закон. Или да стане соучесник на оваа организирана криминална група и да ги штити“, рече Димитријевиќ.
Линк до видео:



