Видео обраќање на Јагода Шахпаска, пратеничка на СДСМ
Секој граѓанин е еднакво важен и може да даде значаен придонес во искоренувањето на вирусот.
Само со доследно почитување на мерките за заштита на нашето здравје, можеме да им помогнеме на здравствените работници, да се заштитиме себеси и нашите најблиски.
Здравствениот систем е стабилен и добро организиран, има капацитет за да се справи со овој предизвик, но здравствените работници не можат сами, граѓаните мора да помагаат преку почитување на мерките.
За да ја одржиме епидемијата под контрола и да го заштитиме нашето здравје, мора да одржуваме физичка дистанца од 1,5 до 2 метри и да не се групираме; да носиме заштитна опрема-маска, шал ими марама секогаш кога се наоѓаме на затворено и на отворено кога не можеме да ја одржиме дистанцата; редовно да вршиме дезинфекција и да ги миеме рацете.
Задолжително е носење на заштитна опрема во сите јавни установи во затворен простор – банки, пошти, аптеки, јавен превоз, чекални, здравствени иустанови и слично.
Наша одговорност е да помогнеме да се пресече патот на вирусот и затоа на здравствените работници им требаат точни податоци.
Секој кој има симптоми на коронавирус, мора да се јави кај епидемиолог и мора точно да одговори на прашањата на епидемиолошката анкета.
Ова е најдобар начин да се заштитиме себе, нашите најблиски и останатите граѓани.