Изјава за медиуми, Дарио Шимиќ, советник во Советот на општина Кисела Вода
Почитувани граѓани,
Општина Кисела Вода заедно со градот Скопје, предводени од СДСМ и коалицијата во континуитет инвестираат во унапредување на патната инфраструктура во нашата општина.
Во насока на тоа е започнатата изградба за продолжување на улицата „Есенинова“, која е од голема важност за граѓаните од општина Кисела Вода, затоа што претставува трето поврзување на урбаните делови на Аеродром и Кисела Вода.
Улицата „Есенинова“ ќе биде долга 730 метри, со две коловозни ленти и тротоари од двете страни низ Кисела Вода, а потоа четири коловозни ленти пред влезот во „Трета македонска бригада“.
На истата предвидено е да се постави улично осветлување со 20 столбови, нова водоводна и канализациска мрежа и притоа ќе се дислоцираат постојните резервоари и бунари кои се наоѓаат на таа локација.
Со изградбата на улицата „Есенинова“, значително ќе се подобри сообраќајот во овој дел од градот и ќе помогне кон подобро функционирање на граѓаните низ овие општини, а рокот за изградба на оваа улица е 22 месеци.
Во периодот што следува во насока на отстранување на постоечките проблеми на граѓаните од општина Кисела Вода интензивно ќе продолжи соработката со централната власт и со Градот Скопје.
Градиме по план и инвестираме во иднината на граѓаните.