fbpx

Заев: Без договор, по сила на закон изборите треба да се одржат на 21 јуни

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговор на новинарско прашање на  претседателот на СДСМ, Зоран Заев

 

 

 


Прашање: Вчера на лидерската од кого добивте поддршка што толку стоите за избори на 21 јуни? 


Одговор:Прво очекувавме да каже опозицијата не само ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците, Движењето БЕСА и тие се опозициони партии да ги кажат своите термини и беа кажани од некои партии.

Ние го истакнавме терминот од 21 јуни затоа што логично по закон сега како што стојат работите, вонредната состојба завршува на 30ти мај, 22 дена по тоа е 21 јуни.

Поддршка даде ДУИ, опозиционата БЕСА, владејачката ДПА, Алијанса на Албанците и Алтернатива, од Зијадин Села беше кажано 26 јули поради тоа што се дава поголема шанса да гласаат и нашите граѓани кои се враќаат од странство. ВМРО-ДПМНЕ номинираше датум 23 и 30 август, 6 и 13 септември, така се одвиваше дискусија. Самата дискусија е борба на аргументи, прво имавме пред нас документи кои здравствената комисија ги препорачува, читавме што кажува СЗО, светот укажува дека треба во текот на летото да се подготви здравството со своите капацитети заради тоа што крајот на август или септември веќе очекуваме и нов бран, кој се надеваме дека нема да го има.

Поддршка дадоа генерално сите, освен ВМРО-ДПМНЕ кои алудира на крајот на летото или почетокот на есента, а тогаш е неодговорно да се одржат избори.

Тоа значи вовед од нова здравствена и економска криза во нова политичка и економска криза и затоа е неприфатливо. Остануваме на законските рокови, знаете дека остануваме секогаш отворени, сакаме со опозицијата да имаме договор за овие прашања, но ако немаме договор, по сила на закон изборите треба да се одржат на 21 јуни.  

Последни вести