fbpx

Вложуваме во подобрување на инфраструктурата во Карпош и во заштита на животната средина и нови зелени површини

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Александра Јованоска, советничка на СДСМ во Советот на Град Скопје

Почитувани,

Во тек се активностите за реконструкција на улицата „Никола Парапунов“ во населбата Карпош 4. Градот Скопје ја обновува оваа сообраќајница, која ги поврзува булеварите „Илинден“ и „Партизански одреди“.

Покрај реконструкцијата на 580 метри од коловозот, целосно ќе се санираат и оштетените пешачки делови и рабниците.

Исто така, предвидено е да има и велосипедски дел, со што ќе се задоволат потребите за сите учесници во сообраќајот.

Во Карпош 4 следува реконструкција и на улицата „Вич“, со пристапните краци до станбените згради. Оваа инфраструктурна активност ќе биде спроведена од Општина Карпош.

За овој дел, важно е да се истакне и изведбата на новиот парк, од бунарите на реката Лепенец до спортско – качувачката карпа. Овој зелен простор, кој ќе се простира на повеќе од 70.000 м2 го прават Градот Скопје и Општината Карпош со заеднички средства.

Во изминатиот период, градската и локалната власт предводена од СДСМ покажаа како плански се работи на подобрување на инфраструктурата. Но, интензивно се работи и на заштита на животната средина и креирање на нови зелени површини, паркови, за спорт и рекреација на сите граѓани.

 

Последни вести