Прес-конференција, Даниела Маркоска, пратеничка од СДСМ
Почитувани,
Дури и во време на сериозна пандемија не запира реализацијата на капиталните проекти во Општина Ѓорче Петров.
Локалната и централната власт предводени од СДСМ продолжуваат да инвестираат во проекти важни за граѓаните на Ѓорче Петров.
По цели 60 години, основното училиште Јоаким Крчовски во Волково во оваа учебна година за првпат добива нова, модерна функционална спортска сала.
400 ученици ќе можат во соодветни услови да ја одржуваат наставата по физичко воспитување, а жителите од овој дел на општината добиваат нов простор за спортување.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која 11 години парите на граѓаните, ги трошеше на фасади, барок и споменици, ние инвестираме во унапредување на образованието и спортот.
Во изминатите години СДСМ и на локално и на централно ниво докажа што значи вистинска грижа за граѓаните. Тоа во следниот период ќе го правиме уште повеќе и уште подобро.
Уште повеќе ќе инвестираме во Ѓорче Петров, за да биде уште подбро за сите во нашата општина.