fbpx

Завршува втората фаза од рехабилитацијата на делницата Кочани – Пониква, со ова се решава еден од најзначајните инфраструктурни прашања од овој регион.

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани,

Локалната и централната власт предводени од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија инвестираат за доброто на сите граѓани, на сите општини, на целата држава. И покрај светската пандемија која неминовно влијае на секој аспект од нашите животи, ние не запираме туку продолжуваме со капиталните инфраструктурни инвестиции. Еден од многуте проекти кои започнаа да се реазлизираат е рехабилитација на регионалниот пат Кочани – Пониква. Туристичкиот центар Пониква со својата природна убавина и поволна клима е едно од најпосетените места во нашиот регион. За да се овозможи поголем развој на туризмот, потребно е да се подобри инфраструктурата, односно да се рехабилитира делницата која го поврзува туристичкиот центар со општина Кочани.
Првата фаза ја завршивме лани, а веќе сме на крајот и од втората фаза и покрај тоа што завршувањето на оваа делница беше предвидено за во април 2021 година.

Вредноста на оваа инвестиција е 49.09 милиони денари, а должината на сообраќајната делница е 7,4 км. Со завршувањето на овој проект, обезбедуваме квалитетнo сообраќајнo поврзување со туристичкиот центар Пониква, а со тоа го олеснуваме развојот на туризмот во нашиот регион, овозможувајќи посетителите беспрекорно да уживаат во природните убавини кои ги нуди овој туристички комплекс.
Продолжуваме понатаму!
Работиме во интерес на граѓаните и за доброто на сите!
Благодарам! Гоце Серафимов Претседател на ОО СДСМ Кочани

https://m.facebook.com/watch/?v=703488333847931&_rdr

Последни вести