Прес-конференција, Костадин Костадинов портпарол и пратеник од СДСМ
Почитувани,
Како што е познато во јавноста, многу е голема веројатноста дека Христијан Мицкоски е заплеткан во бизнисите со хидроцентрали на грбот на граѓаните.
Тој лично беше косопственик на 3 мали хидроелектрани имат загарантиран 20 годишен договор по цени на струја коишто ја плаќаме сите ние граѓаните.
Секој еден граѓанин, секое семејство му плаќаше на Мицкоски за овие хидроелектрани.
За четири години, за годините 2016, 2017, 2018 и 2019 хидроелектраните во кои Мицкоски имал удел заработиле близу еден милион евра, односно 56 милиони денари.
На ист начин и Пелагонија Енерџи на неговиот финансиер и тајкун Орце Камчев, од хидроелектрани инкасирала над 33 милиони евра за 5 години, во периодот од 2015-2019 година.
Почитувани,
Христијан Мицкоски останува запаметен како најнеспособниот директор на АД ЕЛЕМ, сегашно ЕСМ, но останува запаметен и како советник за енергетика во Владата на Никола Груевски, Влада која носеше погубни енергетски политики преку кои цената на струјата се зголеми за 100 отсто, беше укината евтината дневна тарифа, а државата беше зависна од увоз на скапа струја.
Лицемерна и лажна е загриженоста на Мицкоски за цената на струјата. Тој, освен за богатење на грбот на народот и за одбрана на криминалот, не се грижи за ништо друго.
Проѕирни се неговите лаги и манипулациите, граѓаните одамна не му веруваат. Затоа е во опозиција и затоа уште долго останува таму.