Изјава за медиуми, Александар Ѓорѓевски, советник во Советот на општина Ѓорче Петров
Почитувани,
СДСМ преку локалната и централната власт што ги предводи постојано инвестира во проекти важни за граѓаните.
Се наоѓаме во училиштето Димитар Поп Георгиев Беровски и како што може да се забележи на ова место со предвиденото темпо се гради затворениот базен кој е ветување во изборната програма на СДСМ.
Заедно со Агенцијата за млади и спорт, пред седум месеци започна изградбата на овој објект кој ќе биде одлична можност за рекреација, создавање здрави навики од најмала возраст и развој на пливањето како спорт.
Вредноста на базенот е 38 милиони денари, а покрај учениците, ќе го користат и жителите на општина Ѓорче Петров.
И во време на пандемија продолжуваме со засилено темпо да реализираме капитални инвестиции во нашата општина.
Градиме по план, постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите.