Изјава за медиуми, Оливер Тоновски, советник во Советот на општина Центар
Почитувани граѓани,
Успешната соработка на локалната и градската власт предводени од СДСМ и Коалицијата е само показател дека со заеднички инвестиции во современата инфраструктура и посветена работа, Општина Центар и Градот Скопје можат да бидат сигурно и безбедно место за живеење.
Започнавме со целосна реконструкција на улицата „11 Октомври”, тротоарите и велосипедските патеки по должина на целиот потег од крстосница со булеварот „Кочо Рацин“ до крстосница со улицата „Стив Наумов“. Дополнително на овој потег од 250 метри ќе биде обновено и булеварското зеленило и ќе бидат заменети постојните рабници.
Вредноста на овој проект изнесува околу 27 милиони денари со вклучен ДДВ, а рокот за изведба е 30 дена.
Продолжуваме и понатаму со забрзана динамика да преземаме активности и иницијативи за добро уреден, ефикасен и безбеден сообраќај во Општина Центар.