fbpx

Извештајот на ЕК е признание за напредокот, остануваме силно посветени на реформскиот процес

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Снежана Калеска –Ванчева, координаторка на Форум на Жени на СДСМ и пратеничка

Почитувани,

Извештајот на Европската комисија го препознава и соодветно вреднува напредокот на Република Северна Македонија во клучните области важни за нашата интеграција во ЕУ.

Извештајот е признание за досега преземените реформски процеси кои обезбедуваат висок степен на усогласеност со европските стандарди.

Извештајот на Европската комисија се објавува во период на реафирмирање на реформските чекори и програми на новата влада и новиот парламентарен состав.

На овој начин се отвора простор за поефикасно планирање на неопходните ресурси и поголема мобилизација на сите потенцијали во реализација на конкретни резултати кои ќе донесат позитивна трансформација на целата држава.

Сето тоа е важно и во однос на подготовките на земјата за преговарачкиот процес , особено во овој период, кога го очекуваме одржувањето на првата меѓувладина конференција меѓу Република Северна Македонија и ЕУ која треба да се одржи до крајот на годинава.

Извештајот дава јасна слика за состојбите во земјата. Во него се нотирани областите каде што е постигнат напредок, но и областите каде што треба да се вложат дополнителни напори за нивно усогласување со европските стандарди.

Во извештајот, наведено е дека содржинскиот дијалог на Владата на Северна Македонија со Европската комисија се наоѓа на многу повисоко ниво, како и дека Северна Македонија во голем број области постигнува високо ниво на усогласеност со европското законодавство.

Меѓу другите, посебно се издвојуваат наодите во областа на фундаменталните вредности, изборите, владеењето на правото, судството и борбата против корупцијата.

Ова, почитувани, е признание дека државата е на вистинскиот пат, но и мотив плус да продолжи процесот на имплементација на веќе донесените закони и постоечки механизми.

СДСМ како државотворна и одговорна партија останува посветена на процесот на целосна интеграција на Северна Македонија во ЕУ. Како парламентарно мнозинство продолжуваме уште повеќе и уште подобро да работиме на реформите кои се важни за граѓаните, важни за нашата европска иднина.

 

Последни вести