fbpx

Градиме по план, по долги години реконструкција на патот кај населеното место Аџево во Драчево

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Дарко Филиповски, советник во Советот на општина Кисела Вода

Почитувани,

Локалната власт во општина Кисела Вода предводена од СДСМ и градоначалникот Филип Темелковски продолжува да работи во насока на подобрување на инфраструктурата.

Во моментов се наоѓаме во Драчево каде во должина од 550 метри и ширина од 4,5 метри, се одвиваат градежни работи за реконструкција на патот во населеното место Аџево.

На овој пат, исто така предвидено е да бидат поставени и стабилизирачки банкини.

Оваа реконструкција е дел од првата фаза, по која според предвиденото, ќе следуваат уште фази, се до целосното асфалтирање на овој пат, а реконструкцијата на улицата се прави во соработка со Скопски плански регион.

И во време на пандемија континуирано работиме во реализација на капитални инвестиции во нашата општина.

Градиме по план, постојано докажуваме дека можеме и повеќе и подобро за подобар живот на сите.

 

Последни вести