Изјава за медиуми, Сања Лукаревска, пратеничка на СДСМ
Почитувани,
Предлог законот со кој ќе се реализира мерката “Викенд без ДДВ”, ги помина филтрите на надлежните собраниски комисии.
Ова проект е во интерес на граѓаните и токму затоа денеска ги повикувам сите пратеници да го поддржат.
Гласањето ЗА ќе значи на граѓаните да им се овозможи да го добијат назад целиот ДДВ за производите кои ќе ги купуваат во викендот меѓу 10 и 12 октомври.
“Викенд без ДДВ” е дел од новиот, четвртиот сет на владините антикризни мерки, со што всушност се надоградува успешниот проект за поврат на ДДВ кон физички лица.
350.000 граѓани, корисници на апликацијата „Мој ДДВ“, со оваа мерка, за време на продолжениот викенд на 10-11 и 12 октомври ќе можат да купуваат домашни производи и услуги, како и компјутери или друга ИТ опрема во вредност од најмногу 30.000 денари.
Во рок од неколку дена, на трансакциските сметки на граѓаните ќе им биде исплатен назад целиот ДДВ.
Според проценките, преку оваа мерка ќе се оствари промет од 170 милиони евра, пари кои ќе бидат инјекција за стопанството, а кон граѓаните ќе бидат вратени околу 17 милиони евра преку повратот на ДДВ.
Досега, за само една година преку мерката Мој ДДВ, веќе се вратени над 11 милиони евра кај граѓаните.
Ние , како пратеници имаме должност да се грижиме и да работиме за интересите на граѓаните.
Викенд без ДДВ ќе значи пари назад на сметките на граѓаните, поддршка на приватната потрошувачка и зајакнување на домашниот буџет.
Благодарам