fbpx

Прес конференција, Штип конечно добива нов, модерен стадион Елмир Мандак, советник од СГ СДСМ во Совет на Општина Штип

Facebook
Twitter
LinkedIn

Почитувани штипјани,

Спортот е многу важен сегмент од општеството, од секојдневното живеење и затоа сериозно му пристапуваме. Обврзани сме да го вратиме спортот на прав пат, да обезбедиме негов развој и да продолжиме да се радуваме на успесите на нашите спортисти.
Нашите заложби се докажуваат со конкретни дела. После 55 години, овозможуваме Општина Штип да добие нова и модерна трибина на градскиот стадион во Штип, согласно европските стандарди.
Веќе започнаа активностите за отстранување на западната трибина на градскиот стадион во Штип со што следна фаза веднаш потоа следува изградбата на целосно нова трибина, а ќе се обновува и источната трибина со средства од Општина Штип.
Новата западна трибина ќе биде со капацитет од 2.000 столчиња, ВИП ложа, ресторан, простор за медиуми и за лица со инвалидитет. Во подтрибинскиот простор ќе има простории за службени лица и соблекувални по стандардите на ФИФА и УЕФА.
Штип конечно ќе добие модерно здание со кое граѓаните на овој град ќе бидат горди. Во иднина на овој стадион ќе може да се играат и натпревари од сениорската репрезентација на нашата држава.
Власта предводена од СДСМ и во време на пандемија континуирано работи во реазлизација на капитални инвестиции и значајни објекти во нашата општина.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, која 11 години парите на граѓаните ги трошеше на фасади, барок и споменици, ние инвестираме во унапредување на спортот и подобрување на условите на спортските терени.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои додека беа на власт се залагаа на местото на штипскиот стадион да градат згради, а стадионот да го дислоцираат на непозната локација, ние инвестираме во постоечкиот стадион и од истиот правиме современо спортско здание.
За разлика од ВМРО-ДПМНЕ, кои 11 години ги игнорираа спортистите и спортските работници, СДСМ презема конкретни мерки да го врати достоинството на спортистите и довербата во спортот.
Продолжуваме да градиме по план, постојано докажуваме дека можеме уште повеќе и уште подобро, за подобар живот на сите.

Спортот е многу важен сегмент од општеството, од секојдневното живеење и затоа сериозно му пристапуваме. Обврзани сме да…

Posted by СДСМ Штип on Четврток, 15 октомври 2020

 

Последни вести