fbpx

Заев: Грижа за здравјето на граѓаните и функционални институци, изборите се веќе прогласени

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Зоран Заев, претседател на СДСМ

 

 

Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,

Оваа лидерска средба е повикана на барање на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ како што беше кажано за да праша зошто иницијативата на СДСМ за собирање на потписи за свикувањето на Парламентот и верувам дека денеска тоа го расчистивме. Уште еднаш потврдивме дека се истрошени сите можности Парламентот да биде свикан СДСМ и коалицијата на сите можни начини направи демократски исчекори да се свика Парламентот и биде ставен во функција, претседателот на Собранието одлучи дека не може да се свика, а и Уставниот суд два пати потврди дека не може да се свика, со тоа денес стана јасно согласно елаборацијата на сите дека единствено закажувањето на изборите е согласно Уредбата со законска сила на Владата која што се однесува на 22 дена од завршувањето на вонредната состојба во државата.

Утврдувајќи ги сите овие правни аспекти, еден значаен дел денеска го заокруживме. Истовремено она што беше важно, се проектираа одредени потенцијални датуми и знаејќи ја оваа можност беше кажано дека ако теоретски нема трета вонредна состојба тоа би значело дека од 17 мај плус 22 дена се на 8 јуни, а ако има нова вонредна состојба тогаш на 7 јули, а ако се направи прогласување на вонредна состојба од 2 седмици изборите би биле на 21 јуни, а ако е уште една седмица би биле на 14 јуни. Вака стојат правните аспекти за кои денеска дискутиравме и немаше спротивставеност.

Значајно е што денеска неколку работи заедно ги договоривме, дури изборите и да бидат на 14 јуни, 30 дена од сега има за да може да се испрати покана до ОБСЕ/ОДИХР и да имаме набљудувачи што е многу важно. Втората работа од тие 32 дена односно неопходните 10 дена пред кампања за ДИК се сосема доволни за да продолжи ажурирањето на избирачкиот список коишто не е завршена постапка со замрзнувањето на законските рокови со Уредбата со законска сила којашто беше за изборите.

Истовремено утврдивме дека едно нешто е значајно за сите за што сите се согласивме, дека нема поважна работа за нас политичарите од здравјето на граѓаните. Се согласивме дека имаме целосна доверба кон нашите здравствени комисии за мене ова е една значајна валоризација за нашите здравствени работници, посебно за стручните експертски комисии, потврдено од опозиција, власт, институции претставени преку претседателот на државата, претседателот на Парламентот и на Владата и од сите нас. Истовремено поддршка имаат сите институции претставени преку претседателот на државата и од Владата.

Констатиравме една значајна работа и сите се согласивме, а тоа е дека мора да живееме со коронавирусот, бидејќи ниту во светот и Европа, ниту кај нас некој може да каже кога ќе заврши односно ќе нема заразени и дека ќе нема во иднина. Тоа не стави во позиција сите да се согласиме дека ќе живееме со корона кризата.

Оттука произлегува тоа дека првиот можен момент и подготвен за избори треба да го прифатиме и да одиме на избори. Од причина што следните моменти по заминување на летото, би било почетокот на септември или крајот, или пак октомври а крајни датуми се 7 ноември и 6 декември, кога се пробиваат уставните рокови за мандатот на пратениците кои беа бирани на 11 декември 2016 година.

Констатирајќи ги овие работи како заемна усогласеност и демонстрирана демократска зрелост од сите нас спрема граѓаните, која што не доведува до надеж дека и на следните избори кога и да се одржат ќе се договориме за се што е поврзано со изборите, како датумот, протоколите и слично.

Се согласивме дека здравствените комисии не можат да ни кажат датум за избори, тие може да ни дадат протоколи кога ние ќе утврдиме кога би биле изборите. Затоа побаравме барем да имаме потенцијален датум за избори, зошто? за да побараме дали ДИК може до тој рок да ги заврши сите постапки, да пропишат здравствените комисии дали до тој рок може да направат предвид на кампањскиот дел но и за денот на изборите низ нивните протоколи и секако за опциониот датум да може и ОБСЕ/ОДИХР да не известат колкава ќе биде бројката на набљудувачи која ќе ја испратат за изборите што ќе се одржат во Северна Македонија.

Во сите овие околности на крајот сите заклучивме дека ред е претседателот на Владата, односно Владата да побара попрецизни одговори од ОБСЕ/ОДИХР за да кажат кога точно може да ја испорачаат набљудувачката комисија, исто така да побара Владата од здравствените комисии да дадат соодветни протоколи на однесување што препорачуваат, какви собири, сите сме согласни дека масовни митинзи нема да има, но колкави групирања ќе бидат дозволени, дали може да се оди од врата на врата или протокот на гласачкото место и слично, овие одговори ќе ги обезбеди Владата за следниот состанок на почетокот на идната седмица и ќе треба да бидат соопштени.

Претседателот Пендаровски ќе одржи состанок со ДИК за да добие усогласени ставови од членовите на ДИК за точните термини од и до проектирањето на потенцијалниот датум за избори.

Ова значи дека почетокот на следната недела ќе одржиме следна средба на која ќе бидеме подготвени да разговараме за датум за изборите.

Сакам да напомнам дека водењето грижа за здравјето на граѓаните е обврска на сите институции и тие час поскоро да ги ставиме во функција, а тоа е Парламентот и политичка Влада којашто ќе носи одговорност.

Здравје е за граѓаните ако сите институции 100% функционираат.

Во Европа во сите земји каде ќе има избори или ќе нема функционираат сите институции. Во Република Северна Македонија, Парламентот е нефункционален и има техничка Влада. Во вакви околности апсолутно сите што разговаравме се согласивме дека исто така посакуваме есента од септември натаму да не се појави нов бран на криза, но никој не може да гарантира дали ќе се појави или не, ако тоа не може никој да го гарантира тогаш заклучуваме дека сите конвергираат кон летото за избори.

Ако со сите овие заклучоци денеска заедно настапиме можеме да кажеме дека изборите се прогласени и тие се одлучени да се одржат, ние денес не зборувавме дали да се одржат избори или не. Денеска понудивме и неколку датуми како најголема политичка парија за кој може да разговараме дури и да се само проектирани, за да може да се проектираат и роковите.

И покрај тоа што изборите се прогласени и треба да имаме сите одговорност знаејќи дека есента е ризична за прифаќање, и час поскоро да се воспостават институции кои не функционираат во државата како политичка Влада и Парламент, сепак опозицијата и на ова не беше спремна да разговара за датуми. Секако гласно ја проектираа неспремноста за избори им треба време, сакаат дополнителен простор буквално купуваат седмици и за мене тоа е разбирливо, затоа што ниту Мицкоски ќе биде премиер, а ниту луѓе ќе починуваат заради изборите.


Во вакви околности како владејачка партија која знае дека ќе ја добие честа и одговорноста од граѓаните за следни четири години, уште еднаш пред вас медиумите и граѓаните, потврдувам дека остануваме на тоа да заедно утврдиме датум прифатлив за сите, кога ќе бидат секако сите среќни за да настапиме на изборите, а притоа секако тоа да биде согласно устав и закон утврдено како што е обврска на сите политички чинители. Не заради тоа што политички лидери се состанале и одлучиле датум, Уставот и законот даваат рамка и во таа рамка да се утврди датум за избори.

Јас сум убеден дека на крајот се ќе се сведе на одговорноста на сите нас политички чинители, пред граѓаните и државата. Оттука доаѓа моментот час поскоро во првиот момент да одиме на избори. Секако овие избори нема да бидат како сите, тоа го знаеме, но можеби во било кој термин и во јуни, септември и идниот мај и идниот октомври гаранција ќе биде само вакцина, ако таа се измисли ќе биде гаранција дека ќе биде стопирана корона кризата дека ќе нема заразени и дека во моментот на избори ќе нема заразени.

Така што одговорноста на сите очекувам да биде на максимално ниво, јасно ми е дека некој се плаши од избори или дека некој сака побргу избори заради политички причини, но на крај одговорноста е пред граѓаните и што за нив е најдобро.

Верувам дека на почетокот на следната седмица ќе можеме да им соопштиме на граѓаните кога ќе бидат профилирани датумите за избори за да можеме да настапиме на нив и да влеземе во нивна подготовка.

Уште еднаш напомнувам ако прошетате низ Аеродром, во Струмица, Охрид ќе видите дека и се потешко се почитува и полицискиот час, зошто? Затоа што намалувањето на бројките, намалување на кризата и целосно намалувањето на кривата, со соодветни џебови како што викаат стручните лица може да биде начин на живот кои што претстои. Сите зборуваат кога ќе бидат следните олеснителни мерки знам дека веќе штабот предложил нови за на седница на Влада, доаѓа време кога ќе се отворат и угостителски објекти и така натаму и во тие околности треба да одиме на избори без разлика дали некој се плаши од нив или не. Одговорно е за државата првиот момент да одиме на избори.

Затоа денеска настапуваме со толеранција целосно отворени и неколкупати кажавме и јас и другите владејачки партии дека сакаме со консензус и договор да го утврдиме датумот за избори и затоа никој не може да избега од избори. Изборите мора да бидат час поскоро да се обезбедат услови, опозицијата мора да биде конфортна и во фер шанса да се понуди пред граѓаните на изборите сите можности кои ќе можеме да ги организираме од стил на кампањата до ден на гласање.

 

Последни вести