Прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ
Почитувани,
Обидот на ВМРО ДПМНЕ да го блокира носењето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, е уште една опструкција во низата откако е прогласена пандемија од Ковид 19.
Ова несериозно однесување на Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ е на штета на здравјето на граѓаните.
Во време кога се соочуваме со нов бран на коронавирусот, кога и кај нас, во регионот и во европските земји се полнат болниците, кога бројот на заразени секојдневно расте, ВМРО-ДПМНЕ повторно, како и секогаш одмага и прави се` за да ги одолговлекува мерките важни за справување со пандемијата.
Ова е смислен и тенденциозен обид за дневно политички поени, со што директно се загрозува јавното здравје и Христијан Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, повторно докажуваат дека последно за што се грижат е здравјето на граѓаните.
Својата деструктивна политика овојпат ја потврдуваат преку постојаното дискредитирање на Комисијата за заразни болести, потценувајќи ја експертизата на членовите и нивниот труд вложен во справувањето со кризата.
Барањето за формирање на нова Комисија е целосно неиздржано. Комисијата е составена од стручни, докажани професионалци во здравството и нема никаква потреба од формирање нова, паралелна комисија.
Сите препораки и мерки, Комисијата ги прави врз издржани епидемиолошки анализи и единство во интерес на заштитата на здравјето на граѓаните.
Тоа се исти или слични мерки коишто се применети и други европски мерки.
Нема време за одложување. Ситуацијата со коронавирусот е сериозна и потребно е брзо делување, конструктивност и соработка.
За жал во оваа здравствена криза, Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ, препознаа само простор за евтини политички поени, дури и на штета на здравјето на граѓаните.
Во целиот период од прогласување на пандемијата, ВМРО ДПМНЕ не направи ништо, освен неконструктивно делување, опструкции и критики кон сите кои даваат максимални напори во справување со вирусот.
Ова не е време за печалење евтини политички поени, ниту за политички игри. Најмалку е време политичарите да се водат од личниот и партискиот интерес.
Сега повеќе од било кога е потребно разумно однесување и одговорност, затоа што јавното здравје е над се`, над партиските интереси.
Вирусот е тука, се шири и не чека, и токму затоа мерките мора да се донесат во најкус можен рок.