fbpx

Чулев свесно го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните, да поднесе оставка

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ

 

 

Почитувана јавност,

Неодговорниот  Наќе Чулев или во јавноста попознат  како Наќе Отсјај со својата неспособност го загрозува здравјето и безбедноста на граѓаните и мора да поднесе оставка.

Вчера, јавноста беше сведок на масовно прекршување на забраната за групни собири во Струга.

Стотици граѓани без заштитна опрема, без соодветна дистанца масовно се движеа низ  улиците на Струга, а полицијата беше присутна на настанот и воопшто не реагираше. 

Со оваа неодговорност Чулев стана соучесник во загрозувањето на здравјето на граѓаните. 

Истовремено, во Скопје, злоупотребувајќи го Денот на полицијата, Наќе Чулев организираше јавен собир, без почитување на мерките за заштита и го загрози здравјето и на присутните и на полицајците.

На истиот настан  почитувани граѓани , на објавени видеа јасно се гледаат соработници на Наќе Чулев кои со закана за физичка сила се обидуваат да попречуваат новинари во вршење на својата работа.

На крајот, освен закани, новинарите и медиумските работници, заедно со претставниици на дипломатскиот кор добија и димна бомба во непосредна близина, со што беше загрозена и нивната безбедност , секако и  нивното здравје.

Дали ваквото однесување на  Наќе Чулев или во јавноста попознат како Наќе Отсјај е последица на нарачките од неговиот шеф Христијан Мицкоски?

Дали Наќе Отсјај се консултираше со Мицкоски пред да одлучи да го загрозува здравјето на граѓаните?

Дали Мицкоски му одобри напад врз новинар, дали му одобри фрлање  димна бомба во публика?

Дали Мицкоски го натера Наќе Отсјај да организира настан среде пандемија без мерки за заштита? Дали Мицкоски му кажа да не постапува  на настанот во Струга?

Почитувани,

Во досегашното работење Наќе Отсјај покажа дека единственото нешто што го знае е да го брани неговиот шеф Христијан  Мицкоски.

Наќе Отсјај ја заташка истрагата за посетата на Мицкоски на теретана во време на пандемија. Наќе Отсјај не поведе истрага за масовно групирање на навивачи организирани од ВМРО-ДПМНЕ.

 Но за да ја дефокусира јавноста, Наќе Отсјај преку свои структури изврши и скандалозен упад во здружение каде се пакува хуманитарна помош и при тоа се малтретираа млади луѓе,  волонтери.

На вакво скандалозно однесување и вакви катастрофални постапки против граѓаните, против нивното здравје и безбедност, има само еден логичен чекор: оставка од страна на  Наќе Чулев.

Последни вести