fbpx

Над 20.000 компании аплицирале за финансиска поддршка, голем одзив за антикризните мерки

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес- конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувана јавност 

И во време на сериозна здравствена криза ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не се откажуваат од ширење лажни вести.

Последна лага е дека наводно 100.000 работници останале без работа во овој период. Реалноста е сосема поинаква. Според официјални податоци од институциите, од 11 март па до 30 април, досега без работен ангажман останале околу 8.000 вработени, а од нив 3.800 биле со траен работен однос.

Тоа е многу помалку од лажните тврдења на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ за 100.000 отпуштени работници.

 
Покрај грижата за здравјето на граѓаните и  мерките против ширење на коронавирусот како приоритет, Владата предводена од СДСМ во оваа тешка криза е исправена и пред сериозниот предизвик- да им помогне и да ги заштити граѓаните и компаниите од економските последици. 

Мерките за поддршка на економијата даваат резултати. Тоа го покажуваат и проекциите на Светската Банка според кои Северна Македонија најдобро ќе се справи со економскиот удар во однос на сите земји во регионот.

Интересот на компаниите е голем. 

Над 20 000 компании користат или аплицирале за антикризните мерки на Владата за борбата против корона кризата. Над 19.200 компании се пријавени за финансиска поддршка од 14.500 по вработен. Над 1.000 веќе користат ослободување од аконтации од данок на добивка.
На 631 компанија со 5.600 вработени им се одобрени бескаматни кредити од COVID-1 линијата од 4.7 милиони евра. За бескаматните кредити од COVID-2 линијата од 8 милиони евра, аплицирале над 1.200 компании.

Најпогодените сектори од кризата како угостителството, туризмот и транспортот, покрај 14.500 денари по вработен, можат да добијат и поддршка за покривање на 50 отсто од придонесите за април и мај.

Важно е да се напомене дека фирмите коишто ќе ја користат мерката помош од 14.500 денари по вработен, дури и да покажат добивка за 2020 година, финансиската поддршка нема да треба да ја вратат, доколку истата сума ја инвестираат во развој на сопствената фирма во текот на 2021 година.

Мерката 14.500 денари по вработен, можат да ја користат и занаетчии, фризери, козметичари, земјоделци и други самостојни вршители на дејност.

 
Почитувани, 

Одржувањето на ликвидноста на стопанство е клучно. Затоа брзиот поврат на ДДВ кон фирмите во време на криза е многу важен. 

Од почетокот на годината заклучно со април фирмите добиле поврат на ДДВ од 145 милиони евра. Тоа е за 16,7% повеќе во однос на претходната година.

Никој не е сам. Оваа здравствено-економска криза со којашто се соочува светот, ја пребродуваме заедно. 

СДСМ посветено ќе продолжи со поддршка на фирмите и граѓаните, за зачувување на работните места, со што и се поставуваат темелите за брзо интензивирање на економијата кога ќе заврши кризата.

Последни вести