Прес-конференција, Марија Георгиевска, пратеничка од СДСМ
Почитувани граѓани,
СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветена на помош и поддршка на граѓаните и стопанството во справување со економските последици од коронавирусот.
Мерките посветуваат особено внимание на самостојните вршителни на дејност, занаетчиите, кои се погодени од коронакризата.
По носењето на ребалансот на Буџетот, Министерството за економија ќе објави Јавен повик за кофинансирање на трошоци за занаетчии при што се предвидува надомест на 60% од трошоците или максимум 30.000 денари направени за набавка на алати и репроматеријали по апликант.
За оваа намена од Буџетот на Министерството за економија се предвидени 15 милиони денари.
За поконкруетно занаечтиство, веќе од 1 јануари следната година ДДВ на занаетчиски услуги се намалува од 18% на 5%.
Важно е да се напомене дека занаетчиите и самостојните вршители на дејности и натаму на располагање ги иаат другите антикризни мерки, како што е поддршката за исплата на платите и пристапот до бескаматни кредити од Развојната банка.
Почитувани,
Како одговорна партија СДСМ продолжува да спроведува мерки и политики кои обезбедуваат помош за секој поединец, за секое претпријатие.
И во време на сериозна светска здравствена и економска криза, грижата за сите продолжува.