fbpx

Со Николов продолжува развојот на Штип, следува реализација на капитални инвестиции

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Драго ми е денеска што се приклучувам на централниот караван на СДСМ овде во Штип со поддршка и промоција на програмата во сигурни раце на д-р Сашко Николов кандидат на СДСМ за Штип познат целиот регион и човек со кои во сигурни раце Штип може да продолжи да чекори напред, да се модернизира, европеизира и да продолжи развојот на општина Штип.

Ние сме горди што ставивме силен аспект на Штип во изминативе неколку години и како централна власт, но горди сме и на политиките на општина Штип предводена од градоначалникот Благој Бочварски.

Се изработија и реализираа 12 километри водоводна и канализациона мрежа. Се асфалтираа и реконструираа над 50 улици во Штип, но се изгради и детска градинка после неколку децении.

Бевме сведоци на отворање на големиот мост пред неколку месеци во Штип и во постапка се неколку крупни проекти коишто се значајни за општина Штип со поддршка на централната власт, меѓу нив е еден од најзначајните проекти за којшто Штипјани се сведоци дека се зборува со децении. Денес на овој ден сме сведоци на финализирање на тендерската постапката за инвестицијата на браната на реката Отиња која ќе биде финансирана од Владата и од министерството кое што го предводи досегашниот градоначалник Благој Бочварски.

Мене ми беше чест што како министер за земјодество дадов силен акцент да ја завршиме целокупната организација и постапка и да преку МЗШВ ја финализираме и финансираме целокупната неопходна документација која беше неопходна за денес зборуваме за оваа реалност, дека заврши тендерската постапка за избор на изведувач на браната на река Отиња.

Има и многу други крупни проекти за коишто во следните неколку денови ќе зборуваме тука во Штип и ќе го промовираме кандидатот д-р Сашко Николов како и неговата програма за следниот период во сигурни раце.

Продолжување на изградба на многу улици, на затворениот базен, да го заокружиме Градскиот Стадион. Се работи за програма во која се предвидени неколку крстосници, програма која овозможува продолжување на развојот на општина Штип.

Затоа сметаме дека граѓаните на 13 декември после оваа целосно безбедна кампања во овие околности со заштита на здравјето на граѓаните ќе овозможиме одговорноста на граѓаните на 13 декември да биде со излегување на гласачките места и поддршка на кандидатот д-р Сашко Николов и да продолжи Шитп да се модернизира, развива.

Да продолжат локалните проекти, да се реконструира училиштето Гоце Делчев, да продолжи изградбата на новите патишта, да се реализираат многу нови локални проекти коишто се битни за граѓаните на општина Штип, но и да продолжиме со силната поддршка којшто во овој момент ја добива Штип од страна на Владата на РСМ.

Станува збор за крупни прокети коишто се од значење за Штип во овие неколку децении и за тоа одговорноста на граѓаните на оваа општина е да излезат на 13 декември и да го остварат своето право на глас и да продолжи Штип да биде во сигурни раце и да се модернизира, развива и да стане европски град во центарот на Истокот од страна на д-р Сашко Николов.

Последни вести