Изјава за медиуми, Никола Димитров
Драги штипјани, драги штипјанки,
Чест ми е денес на вака убав, сончев ден што сум во вашиот град Штип, со кандидатот на СДСМ и иден градоначалник на овој убав македонски град, Д-р Сашко Николов.
Со него се знаеме од моите кратки собраниски денови, меѓутоа доволно беше да ми остави впечаток на исклучителен човек и убеден сум дека гласајќи за него, гласате за вашиот град Штип, во сигурни раце.
Важно е во ова време, невреме, Штип да има локална власт со целосен демократски легитимитет.
Важно е да излезете, јас се надевам дека ќе биде исто така убаво време и за една недела, на 13 декември и да го заокружите бројот 2 за Штип да добие еден ваков квалитетен, професионален, исклучителен градоначалник, Д-р Сашко Николов.