fbpx

Бочварски: За доброто на градот, развојот, иднината, сите јасно и недвосмислено на 13 декември да гласаме за победа на Штип и на Сашко Николов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Соопштение за јавност

 

Доктор Сашко Николов е олицетворение на чесните политики на СДСМ и затоа после 13 декември го враќаме во Штип да им помогне на нашите сограѓани, Штип да остане во вистински раце, за доброто на градот, развојот, иднината, сите јасно и недвосмислено да гласаме за победа на Штип и на Сашко Николов, истакна во денешното онлајн обраќање претседателот на комисијата за транспорт и врски на СДСМ, Благој Бочварски.

Тој како доскорешен градоначаник на Штип, потсети на состојбата во која ја презел општината, со само три милиони денари на сметка, кои беа недоволни да се исплати плата за администрацијата.

Со домаќинска работа, влеговме во силен инвестициски циклус, и од лоша и тешка состојба Штип сега предничи пред другите градови и претставува репер како треба да се развиваат, нагласи Бочварски.

Како еден од најзначајните проекти, Бочварски го наведе деценискиот сон на Штипјани за изградба на брана на реката Отиња, како комплексен проект, за кој се зборува 50 години, но никој досега не се нафатил да го реализира.

Проектот сега се наоѓа во тендерска постапка, во која се јавија 5 заинтересирани фирми, а средствата се одобрени, рече Бочварски.

Нашите настојувања се на цела територија на општина Штип да се изедначи квалитетот на живот на сите граѓани, рече Бочварски, додавајќи дека во изминатите години направивме голем исчекор во водоснабдувањето на населби, кои ги затекнавме без чиста вода за пиење, како и во изградба на канализациски мрежи и реновирање и реконструкција на патишта.

Со преадаптација на филтер станицата во Штип долгорочно се решава проблемот со водоснадбување на градот, рече Бочварски.

Тој истакна дека е голем превиздик, чест и одговорност, да се биде градоначалник на регионалниот центар, универзитетски центар, кој економски го движи регионот, поврзан со модерен автопат со метрополата, со експресни патишта со соседните градови.

Сашко Николов може да го надгради и да биде уште подобар во наредниот период, порача поранешниот градоначалник на Штип Благој Бочварски.

Последни вести