fbpx

Апсурдни се блокадите на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието треба да работи онлјан во интерес на граѓаните

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања, Фаница Николоска, пратеничка на СДСМ

 

Прашање1: Дали разговарате со ВМРО-ДПМНЕ последниве денови баш околу деловникот, кај нив е веќе Тимчо Мицунски заболен од Ковид, колку пратеници воопшто не доаѓаат на работа?

Одговор: Со ВМРО-ДПМНЕ сме отворени за соработка и за разговори и како што кажав и во излагањето мое на граѓаните , на државата им е потребен целосно функционален парламент. Затоа и претседателот на Собранието предложи дополнување и изменување на Деловникот за работа на Собранието со кој би се овозможилао со тие измени доколку се усвојат, пратениците кои се во изолација или се болни од коронавирус да можат да се вклучат во работата на Собранието и од дома. Сведоци сме дека ВМРО-ДПМНЕ со апсурдни, со бесмислени, смешни амандмани го блокира донесувањето на измените и дополнувањата на Деловникот. Веруваме дека ќе преовлада свеста и кај нив и ќе се удостојат овие измени да ги донесеме затоа што се неопходни и за државата и за граѓаните.

Прашање 2: Во саботата се постигна кворум се изгласаа измените Законот за финансирање на партиите, ќе преовлада ли свеста кај двете најголеми партии да ги донираат средствата што ги добија над три и нешто милиони евра во борбата со справување со Ковид кризата со оглед на фактот дека сеуште ни приближно не и се гледа крајот на пандемијата?

Одговор: Законот за финансирање на политички партии предвидува намалување на средствата кој се предвидени за политички партии. Ако се спореди со 2019 година токму поради економската криза предизвикана од коронавирусот има намалување со 30 %. Тоа е со консензус на сите политички партии освен од една која што беше против тоа намалување предложено од другите политички партии. Секако СДСМ како одговорна политичка партија и во изминатиот период и Владата предводена од СДСМ покажа во духот на солидарноста дека е секогаш спремна и Владата да им помогне на граѓаните со предвидување финансиски средства со кој што беа опфатени граѓаните од најранливите категории со изминатите три пакети мерки, сега на ред е и четвртиот пакет мерки. Исто така и СДСМ како политичка партија и функционерите минатиот период донираа средства на оние категории на граѓани на кои што им беа тие најпотребни. И понатаму остануваме доколку се јави потреба дека ќе донираме средства за да се помогне и во фондот кој што е отворен за обезбедување на финансиски средства за справување со коронавирусот. Остануваме и понатаму отворени да донираме средства доколку се јави потреба за да им помогнеме на граѓаните.

 

Последни вести