fbpx

Во Штип победија граѓаните, победи демократијата, Штип останува во сигурни раце со Николов

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Љупчо Николовски, генерален секретар на СДСМ

 

Добро вечер, добредојдовте на прославата на победата на кандидатот Сашко Николов којшто е победник на овие предвремени локални безбедни по здравјето избори на којшто граѓаните покажаа голема одговорност и сериозност почитувајќи ги сите протоколи, овозможувајќи на Штип да продолжи по модерниот и европскиот пат којшто го зацрта Благој Бочварски кои со политиките на СДСМ и на Владата навистина даваат влијание за Штип.

Мене ми беше чест што досега бев шеф на ЦИШ за Парламентарните избори. Чест ми беше што бев носител на третата изборина листа, регионот во којшто анкетите покажуваа дека сериозно се зголемува предноста на СДСМ пред деструктивното и блокирачко ВМРО-ДПМНЕ што нема ниту став за ниту едно прашање од интерес на граѓаните.

Покажаве дека пресврт можеме да направиме во Исоткот и со прокети, капитални инвестиции, грижата за граѓаните, враќањето на парите назад кај граѓаните и политиките на СДСМ што ги преземаме во овој период, токму затоа расте поддршката за СДСМ во овој регион, Исоткот е веќе бастион на СДСМ и треба да сме горди и да го продолжиме тој пат.

Во оваа прилика сакам да искористам да се заблагодарам на сите коишто се приклучија во оваа значајна одука и победа на граѓаните на општина Штип, тоа е шефот на изборниот штаб во Штип Александар Кангалов и до целиот ОИШ, шефот на РИШ и до сите сектори од централата коишто несебично се вклучија и во овој нов, модерен, развиен и дигитализиран СДСМ коишто постојано се менува и воведува нови модерни алатки на комуникација со граѓаните за да ги спроведе интересите на граѓаните, да ги спроведеме проектите и да одговориме на сите нивни потреби тоа го покажавме на дело овде во Штип.

Без притисоци, уцени или закани како во некое режимско време, покажавме дека со добра волја и демократски инструменти со одлучна понуда и програма и со одичен кандиат кои граѓаните го поддржаа и застанаа зад овој модерен и европски град.

Му се заблагодарувам на министерот за транспорт и наш член на ИО на СДСМ Благој Бочварски за се што направи за Штип и верувам дека д-р Сашко Николов ќе ги продолжи сите овие дела. И верувам дека токму оваа програма ќе биде реализирана во следниот мандат и следниот период.

Честитки за сите, честитки за претседателот којшто даде несебична поддршка на овој процес, којшто се вгради во сето она што го работевме овде во Штип.

Последни вести