fbpx

Го донесовме Буџетот за 2021 година, не успеаја блокадите на ВМРО-ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Прес-конференција, Јован Митрески, координатор на пратеничка група на СДСМ и коалицијата

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари,

Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ синоќа го усвои Буџетот за 2021 година.

Овој Буџет е континуитет на одговорните, домаќински политики на СДСМ во управувањето со јавните финансии.

Буџетот за 2021 година во себе има три клучни приоритети: здравство, економија и зачувување на работните места, владеење на правото и реформи.

За 2021 година, со Буџетот, предвиден е раст на економијата од 4,1% и намалување на буџетскиот дефицит за 3,6 процентни поени во однос на годинешниот.

Вкупните приходи на Буџетот за 2021 година се планирани на ниво од 212,6 милијарди денари и истите се за 8,3% повисоки во однос на вториот Ребаланс 2020 година, додека расходите се планирани на ниво од 247,5 милијарди денари или за 2,1% пониско во однос на вториот Ребаланс 2020 година.

Капиталните инвестиции се зголемуваат за 26,2 отсто во однос на оваа година.

Со Буџетот за 2021 година стимулираме нови инвестиции, поддршка на веќепосточеки компании, како и помош за отворање на нови работни места со што ја поттикнуваме конкурентноста и влијаеме на намалување на стапката на невработеност.

Во текот на собраниската расправа за буџетот изгласавме и 18 амандмани со кои се обезбедени дополнителни средства за енергетска ефикасност, за формирање еколошки зони, за земјоделска опрема за мали семејни винари, за комунална инфраструктура во повеќе населени места, како и за социјални надоместоци за стечајни.

Почитувани,

Не успееја обидите на опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ да го блокираат носењето на овој Буџет, важен за граѓаните, важен за економијата.

Вчера јавноста беше сведок на уште едно подло, неодговорно и нечесно однесување на опозицијата, која ја напушти салата кога Буџетот требаше да се гласа, мислејќи дека нема да имаме кворум и нема да го изгласаме Буџетот.

Замислете, ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата беа спремни државата да остане без донесен Буџет, да мора да функционира преку времено финансирање, во година во која треба да ги санираме последиците од економската и здравствена криза.

Толку од одговорноста на ВМРО-ДПМНЕ и опозицијата. Во време кога цел свет се обединува во борбата против коронавирусот, ВМРО-ДПМНЕ избега од Собраните. Истото тоа ВМРО-ДПМНЕ избега од избори, избега од граѓаните, но од срамот нема да избегаат.

Како одговорна партија продолжуваме да работиме на реализација на мерките и политиките што носат економска стабилност, развој и повеќе пари кај секој граѓанин.

Со Буџетот за 2021 година ефикасно и темелно ги санираме последиците од коронакризата.

Последни вести