Прес-конференција на Диме Витанов, ОО СДСМ Неготино
Почитувани граѓани, почитувани претставници на медиумите,
ВМРО ДПМНЕ континуирано ги лаже граѓаните. Имено, на вчерашната прес-конференција на господинот Владимир Нелоски од ВМРО ДПМНЕ беа изнесени низа лаги и манипулации.
Депонија во Неготино нема и нема да има!
Единствено нешто што труе во Неготино се лагите и манипилациите на ВМРО ДПМНЕ.
Денес можам да ви потврдам дека ние како СДСМ и Градоначалникот на Неготино и поздравивме демократскиот чин на собирање на потписи за распишување на референдум, впромеч за тоа потврда добивме и од овластениот предлагач на иницијативата, господинот Сашко Тодоров, претседател на ЗГ Еко вика, на една од седниците на советот.
Почитувани сограѓани,
Барањата од иницијативата за рефњерендум се ЦЕЛОСНО ИСПОЛНЕТИ !!!
-прекината е постапката за продажба на градежно земјиште , но не од Народниот правобранител како што кажува Владимир Нелоски, туку од комисијата за спроведување на постапките за електронско јавно наддавање. Еве го решението
-поништена е одлуката за УПВНМод страна на советот на општина Неготино. Еве ја одлуката
Еве го образецот од ДИК за кои прашања граѓаните на општина Неготино го дадоа својот потпис. Овде јасно стои дека граѓаните бараат поништување на одлуката за УПВНМ и прекинување на постапката за продажба на земјиштето.
Вистината за депонија воНеготино е сосема поинаква од таа којашто ја зборува Владимир Нелоски:
-ВМРО ДПМНЕ во 2009 година носи одлука на Совет за предвидување на депонија во Неготино (се пруикажува одлуката)
-ВМРО ДПМНЕ, во 2012 поточно Миле Јанакиевски како тогашен министер за Транспорт и врски го дава истото земјиште на концесија од 50 години за изградба на депонија за инертен индустриски и неопасен отпад (се прикажува)
-Во време на ВМРО ДПМНЕ, презентација за намена на земјиштето се право во селска продавница со 5 присутни жители.
-Во Мај 2019 година, Советот на општина Неготино со 15 гласа за , односно сите членови на советот едногласно ја носат одлуката за УПВНМ
Овде го прашувам лично господинот Нелоски, зошто не ги праша луѓето од ОК ВМРО ДПМНЕ Неготино, кога му давале информации на оваа тема, зошто не му кажале дека сите советници од редовите на неговата партија гласаа за донесување на одлука за УПВНМ и зошто советниците на ВМРО ДПМНЕ од Неготино немаа ништо против програмата за управување со градежно земјиште во која беше предвидено проажба на споменатото земјиште.
-Градоначалникот Делков и советниците на СДСМ будно го следеа собирањето на потписи, и најважно од се го слушнаа гласот на народот:
*Постапката за продажба на земјиштето е прекината
*Одлуката за УПВМН е поништена !!!
Значи господине Нелоски далеку е од вистина тоа што го кажувате дека градоначалникот Тони Делков и советниците на СДСМ ја предвиделе оваа парцела за депонија.
Повторувам дека намената на земјиштето е донесена во 2009 година, и ве потсетувам дека во тоа време во Неготино на власт беше токму вашата партија.
За разлика од ВМРО ДПМНЕ кои ја предвидија депонијата, ја дадоа концесијата и во нивно време работеше депонијата, денес целосната постапка е прекината.
Почитувани граѓани од причина што барањата на граѓаните на општина Неготино се исполнети, ние како одговорно мнозинство и сериозна партија донесовме одлука дека барањето за референдум е безпредметнмо. На граѓаните на Неготино не им требаат зголемени финансиски обврски.
На граѓаните на општина Неготино им е кристално јасно зошто ВМРО ДПМНЕ ова го прави во момент кога во Неготино се случуваат следните процеси:
-Од општина која беше два буџета задолжена, денес е раздолжена
-Во момент кога Неготино после долги години за прв пат НЕМАШЕ РЕСТРИКЦИИ НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ
-После долги години се реконстуира СРЦ Младост
-После долги години се изврши целосна реконструкција на Спомен Костурницата
-Се гради социјална зграда
-Се гради детска градинка
-Се реконструираат подрачните училишта и Средното општинско училиште
-Се поставува ново Лед осветлување во градот и населените места
-Започна изградба на колектор за отпадни води Тимјаник-Неготино
-Се реконстурираат улици во градот и населените места
-Се раздолжува ЈП Комуналец и се зголемуа механизацијата
-Се формира ЈП за паркинг, и се решава сообраќајниот хаос во градот
Почитувани граѓани на сите овие позитивни моменти ВМРО ДПМНЕ одговара со лаги и манипулации. Таквите политики граѓаните ќе ги казнат на изборите на 12 Април.
На самиот крај,го повикувам господин Владимир Нелоски, од име на Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков и советничката група на СДСМ и коалицијата јавно да се извини за искажаните лаги и невистини, во спротивно ќе ги превземиме сите потребни мерки за докажување пред надлежните институции.