fbpx

Документи откриваат скандал, како Мицкоски криминално испумпувал пари од ЕЛЕМ за луѓе од ВМРО ДПМНЕ

Facebook
Twitter
LinkedIn

Изјава за медиуми, Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ

 

 

 

Почитувани граѓани, почитувани новинари

Ова се документи доставени до нас кои што покажуваат како извршителот Христијан Мицкоски распинички, криминално, крајно неодговорно се однесувал со парите на граѓаните додека бил директор на АД ЕСМ тогашен ЕЛЕМ.

Еве како почитувани граѓани Христијан Мицкоски, најлошиот директор на ЕЛЕМ на сите времиња кој што во свое време ја поскапе цената на струјата за 100% народните пари ги давал на лица блиски до него и ВМРО-ДПМНЕ.

Како тогашен директор извршителот Мицкоски склучил Договор за адвокатски – советодавни услуги со Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ, со кој му дал 1.600.000 денари, за период од две години.

Само 5 месеци подоцна, во март 2017 година, Мицкоски склучува нов Договор со Тошковски, вреден нови 8.850.000 денари односно 143.000 евра, за адвокатски услуги!

Се работи за Договори со Панче Тошковски, многу близок пријател на извршителот Мицкоски и човек кој беше дел од преговарачкиот тим за Законот за Јавно обвинителство.

Ете како почитувани граѓани извршителот Христијан Мицкоски ги испумпувал буквално парите на граѓаните и како ВМРО-ДПМНЕ ги полнеле своите џебови додека граѓаните плаќале поскапа струја за 100%.

Тоа се истите шеми на Никола Груевски, извршителот Мицкоски очигледно дека доследно ги следел истите шеми.

Мицкоски најмногу се плаши од Законот за јавно обвинителство. Затоа што знае дека и за него одговорност мора да има, исто како што одговорност ќе има за Никола Груевски.

Овие документи којшто ви ги покажав, кои се индиции за криминал и расипништво со парите на граѓаните од страна на извршителот Мицкоски, ќе ги предадеме до надлежните институции.

Ова е почитувани граѓани причината зошто Христијан Мицкоски на вчерашниот ТВ дуел беше нервозен, се потеше и не смееше да одговори за овие документи но секако не даде одговор ниту за криминалите на Никола Груевски.

Ете зошто почитувани граќани Мицкоски не се огради од Никола Груевски, ниту од неговиот финансиер, Орце Камчев, зошто немаше став за ниту едно прашање.

Затоа што знае дека исто како неговиот шеф Груевски и самиот Мицкоски е вплеткан во криминалната мрежа на ВМРО-ДПМНЕ за што одговорност мора да има.

Освен што беше поразен во ТВ дуелот, казната за извршителот Христијан Мицкоски ќе му стигне и од граѓаните на 12 април но и од правдата.

Последни вести