fbpx

Со противењето на Законот за ЈО, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да купи време и да ги спаси криминалците во своите редови

Facebook
Twitter
LinkedIn

Одговори на новинарски прашања,Костадин Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ

 

 

П- Коментари за музикава што ја пуштаат од ВМРО-ДПМНЕ?

О- Ова ја покажува паниката на ВМРО-ДПМНЕ, ова го покажува и потврдува огромниот пораз кој што го очекува ВМРО-ДПМНЕ на 12ти април. Ова не смета да ја кажуваме вистината, овде зборуваме за отпад кој што несоодветно, незаконски потпомогнат од кадри на ВМРО-ДПМНЕ се депонирал во Дрисла, зборуваме за медицинскиот отпад, зборуваме како крвта од тие животни кој што се фрлале таму истекувала во водите на Вардар со тоа што се ширело зараза и опасност за сите граѓани овде во државава. Тоа мора да биде санкционирано и одговорност во оваа држава мора да има. Можеби заради тоа од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат со пуштање на музика да ја спречат вистината, но вистината ќе излезе на виделина.

 

П- Коментар околу Законот за јавно обвинителство, договор нема со ВМРО-ДПМНЕ за овој закон, како ќе биде понатака, односно кои ќе се чекорите на СДСМ и дали е можно одлагање на изборите?

О- Видете наместо ВМРО-ДПМНЕ да се стави во функција на воспоставување на правната држава, да излезе и да се изјасни за Законот за јавното обвинителство, овде во белата палата си пуштаат музика и се забавуваат, тоа е односот спрема државата од страна на ВМРО-ДПМНЕ. Знаеме колку е важен новиот Закон за јавно обвинителство, знаеме дека е услов и од Европската унија, јас не би рекол дека би се одложиле изборите, евентуално може да најдеме соодветни законски рокови кој што ги овозможува Уставот, да биде пролонгирано распуштањето на Собранието а се со цел изјаснување на пратениците, наместо бегање од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ од изјаснување околу Законот за јавно обвинителство. Правда и одговорност и воспоставување на правната држава, ослободување од последните остатоци на режимот кои што седат во правосудството мора да има, мора конечно сите ние како одговорни политичари да се ставиме во функција на правото и правната држава. Секој за кој што од транспарентна судска постапка ќе се докаже дека го прекршил законот, направил штета на државата, направил штета на граѓаните наместо да седи овде во белиот дворец и да пушта музика треба да биде во затвор.

 

П: Како мислите да го протуркате законот ако го ставите во Собранието можно е ВМРО-ДПМНЕ да постави амандмани за да го блокира?

О- Тогаш ќе се види вистинскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ спрема државата и воопшто спрема правосудните органи воопшто спрема правото и воспоставувањето на правната држава. Ние веќе цела година зборуваме околу тоа, ние им дадовме бараа јавна расправа донесоа експерти кои што тие ги предложија, еве гледаме дека забелешки во писмена форма немаат доставено. ВМРО-ДПМНЕ, ова е мој личен став упорно се обидува да купува време со цел да си ги спаси криминалците во нивните редови. Ќе направиме се за тоа да го спречиме, но на крај морам да потенцирам мораат ВМРО-ДПМНЕ да се изјаснат околу законот, дали се за право и правна држава и дали се за интеграција на државата во Европската унија? Досега гледаме дека таков капацитет во ВМРО-ДПМНЕ нема.

П-ДИК излезе со известување дека 4 од 6 изборни единици отстапуваат со законскиот број на гласачи. Кое е решението за ова и дали може да се оди на изброи со вакви изборни единици?

О- Од она што го знам дека изборниот законик се усогласува, ние во Собранието ќе почекаме работните групи кои што работат на усогласување пред се тука мислам и на усогласувањето и вметнувањето на забелешките и условите од ОБСЕ И ОДИХР секако и забелешките од другите засегнати страни, но за поконкретни одговори ве упатувам кон работните тела кој што можат суштински и детално да ве информираат околу текот на законот.

 

Последни вести