Прес-конференција, Коста Костадинов, пратеник и портпарол на СДСМ
Почитувани новинари, почитувани граѓани
Сите анализи и студии кои се прават во однос на животната средина укажуваат дека отпадот има големо влијание врз загадувањето на воздухот, водата и почвата. Неговото несоодветно складирање, третман, дистрибуција и депонирање, во време на ВМРО ДПМНЕ, придонесе нашата држава буквално да се претвори во една голема депонија.
Неодговорното однесување на режимот на ВМРО ДПМНЕ цела деценија ја уништуваше природата а најмногу од се, здравјето на граѓаните. За нив, 11 години поголем приоритет беше да се украдат народните пари преку криминални проекти со чија реализација секојдневно се уништуваше зеленилото.
Немилосрдното загрозување на зеленилото, игнорирањето на потребата од нови насади и нови зелени површини, како и узурпацијата на јавниот простор со сомнителни градежни објекти го загадија воздухот, ја заматија водата и ја контаминираа почвата.
ВМРО ДПМНЕ го загрозуваше здравјето на граѓаните но и самата животна средина преку сомнителното управување со депонијата Дрисла, која кончено повторно е под владение на Град Скопје. Со нелегалното издавање дозволи за управување со отпад, несоодветното складирање и уништување на медицински отпад, нерегулирани правила за увоз и дистрибуција на опасен отпад, непостоење на никакви казниви механизми ВМРО-ДПМНЕ дирекеттно го поттикнуваше загадувањето.
За да ја надминеме состојбата која ја наследивме, под итно се неопходни законски решенија кои ќе воспостават контрола и строг инспекциски надзор. Оттаму и потребата од измени во Законот за управување со отпад, пред се во делот на увозот на опасен отпад, но и во другите сегменти каде што наследивме хаос и каде што состојбата е алармантна.
Обезбедувањето на здрава животна средина е цел концепт кој ние веќе две години го воведуваме. Го менуваме целиот систем за управување со отпад, системот со дозволи и контролните механизми. Мораме да смениме се што беше правило и пракса за време на владеењето ВМРО ДПМНЕ а кое преку тоа владеење ја загрозуваше живтоната средина.
Ние, за разлика од режимот на ВМРО ДПМНЕ навистина се грижиме за животот и здравјето на граѓаните преку системски решенија. Тоа уште поинтензинвно ќе го правиме и по победата на 12 април.
Ви благодарам!